Јубилејниот концерт на една од најистакнатите македонски групи – „ГРОМ“, која веќе 45 години ја одбележува музичката сцена ќе се одржи утре во Хераклеја.
Песните и настапите на „ГРОМ“ ги одгледаа генерации битолчани и оставија неизбришлив печат во срцата на љубителите на музиката. Присутни на македонската музичка сцена од младинските рок гитаријади во 70-те, до Скопскиот фестивал, Мак Фест итн.
Ве покануваме да бидете дел од незаборавниот настан што ќе ве потсети на убавите времиња и ќе ве исполни со емоции.

Датум: 2 јули 2025

Време: 21:00 часот

Место: Хераклеја
Настанот е во рамките на БИТ ФЕСТ 2025.
Специјален гостин на концертот ќе биде познатиот хрватски пејач Ален Славица!
Не пропуштајте – дојдете да славиме музика и пријателство заедно! Влезници по цена од 300 преку мкtickets, како и на билетарата на Хераклеја.