2win800x200

Годишна изложба на Друштвото на ликовни уметници на Битола

Јули 08, 2025

Годишна изложба на Друштвото на ликовни уметници на Битола

 
Друштвото на ликовни уметници на Битола, кое повеќе од пет децении активно придонесува за развојот на ликовната сцена во градот, и оваа година ја организира својата традиционална Годишна изложба.
 
Свеченото отворање ќе се одржи на 10 јули 2025 година (четврток), со почеток во 20:00 часот, во изложбениот салон на КЦ Магаза во Битола.
 
На изложбата ќе бидат претставени 35 дела – слики, дигитални графики и скулптури, создадени во 2024 и 2025 година – 34 уметници од Битола и други македонски градови. Изложбата се одликува со изразена стилска разновидност и свежина, што ја рефлектира динамиката на современото ликовно творештво.
Во изложбата учествуваат:
Симеон Силјановски, Роберт Михајловски, Драган Најденовски, Слободан Рајчевски, Ване Костуранов, Вангел Срнаков, Синиша Кашавелски, Владимир Илиевски, Владимир Младеноски, Стефан Анчевски, Маријан Котевски, Тони Попов, Татјана Манева, Филип Јовески, Бојана Артиновска, Симона Мирчевска, Дијана Колонџоска, Димитри Балојани, Мирјана Бубевска, Маја Танева, Петар Кирановски, Александар М. Поповски, Ѓорѓи Зајаковски, Душан Шешиќ, Златко Крстевски, Бојана Тошевска, Валентина Илијевска, Дејан Макаријовски, Љупка Галазка-Василев, Билјана Толевска Наумовска, Николче Српчански, Динко Ненов и Виктор Лозанов. 
Гостин на изложбата е Александар Сотировски.
Организаторите упатуваат посебна благодарност за поддршката до Општина Битола.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани