2win800x200

Започна ,,Битфест" фестивалот кој ја слави Битола како град на културата

Јуни 27, 2025

ПОД СЛОГАНОТ „УБАВИНАТА НА УМЕТНОСТА“, ЗАПОЧНА 17 ИЗДАНИЕ НА БИТОЛСКОТО КУЛТУРНО ЛЕТО „БИТ ФЕСТ“

 
Со концерт на „Леб и сол“ во античкиот локалитет Хераклеја, синоќа беше отворено 17 издание на Битолското културно лето. Фестивалот го отвори градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, потенцирајќи дека БИТ ФЕСТ е фестивал кој ја слави Битола како град на културата, уметноста и традицијата.
 
„Годинава сме особено горди што фестивалот продолжува да расте, што имаме добра програма и што заедно со уметниците, институциите, но и со секој од вас, ја негуваме убавината на уметноста, затоа што таа е најголемата вредност што можеме да ѝ ја даруваме на нашата Битола.
Искрено им благодариме на сите кои вложуваат во културниот живот на нашиот град, особено на Министерството за култура и туризам за континуираната поддршка.
 1000002476
Благодарение на ангажманот на бројни уметници, организации и културни институции, со задоволство најавуваме дека фестивалските настани ќе траат сè до 31 август. Но, Битола веќе пулсира во ритамот на уметноста – уште од првиот календарски летен ден и Празникот на музиката „Солстис“, а така ќе биде сè до септември, со бројни културни случувања.
 
И оваа година, ќе имаме содржини проткаени во традиционалните манифестации кои се дел од нашата годишна програма за култура, како: Битола отворен град, Илинденски денови, Битолино, Локум фест, но и многу други настани поврзани со јубилеи на наши домашни изведувачи, како што е вечерашниот настан, настанот на Стефанија мјузик ворлд, групата Гром, но и музички спектакл од светски ранг како што ќе биде гостувањето на еден од највлијателните DJ артисти – Армин ван Бурен“, рече градоначалникот Коњановски во своето обраќање пред публиката, по што следуваше концертот на „Леб и сол“, со кој групата го означи почетокот на БИТ ФЕСТ и ја започна турнејата по повод одбележувањето на 50-годишниот јубилеј на музичката сцена.
 1000002477
Културното лето во Битола има континуитет повеќе од 48 години. Од некогашните Хераклејски вечери, во 2006 година, организацијата на културното лето ја презема Општина Битола, а овој настан се трансформира во препознатливиот битолски фестивал — БИТ ФЕСТ, кој во текот на летниот период, значително го збогатува културниот живот во градот.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани