2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Интегрална изјава на  Анета Ѓоргиевска советник на ВМРО-ДПМНЕ  во општина Битола: 

„Во недостаток на аргументи СДС продолжува со лични дискредитации, сатанизирање на уметници пропагирајќи ја нивната позната теза дека културата во Битола се користи за перење на пари. Ве повикуваме јавно да излезете со докази за наводен криминал и ве прашуваме дали со овие тврдења сакате да кажете дека во последните 20 месеци во пералната на пари учествувал и Симон Трпчевски, Меморија, Каролина Гочева, МКЦ Битола, Француската алијанса, НУ центар за култура, НУ Народен театар Битола, Владимир Костов, камерни и симфониски оркестри, театри од земјава и светот и уште стотици уметници поддржани од Општина Битола?

Јавната општинска установа КИЦ Битола е ваша творба за која кажувавте дека ќе биде установа која ќе го одржува толку извиканиот Офицерски дом а сега ви смета што истата таа установа троши буџетски пари. Кога лажевте за успешниот проект сега или тогаш?

Со ваквите клевети, навреди и јавно дискредитирање на уметниците и прес конференции без ниту еден аргумент само ја деградираат уметноста, уметниците а ги дискриминираат сите оние кои сакаат да посетуваат културни настани, илјадниците туристи и вљубеници во уметноста.

Времето кога 8 милиони се трошеа на култура без јавни огласи и без никаква видливост помина, дали притисокот кој го наметнувате со ваквиот наратив значи дека сите национални институции треба да прекинат со работа или ова се однесува само на Општина Битола?

На крајот ве повикуваме да престанете да создавате партиска култура а да градите културна политика која ќе биде на задоволство на сите битолчани.

Дајте аргументи и решенија доста е шарени лаги и дисквалификации, на уметниците може да им скратите се освен талентот и љубовта кон уметноста“, рече Ѓоргиевска. 

Советот функционира беспрекорно во полн состав и капацитет, за што заслуга имаат советниците од сите советнички групи без разлика на политичката опција која ја претставуваат.

 

Советот ги носи сите одлуки кои се во негова надлежност, како на седници, така и преку работата на своите комисии и тела. 

 

Но, проблемот се појавува кога Градоначалникот и неговата екипа, се обидуваат да изигруваат Совет и да наметнуваат свои желби и амбиции преку Советот, на моменти прават обиди да го заобиколат Советот, за на крај откако Советот им даде јасно до знаење во многу наврати, дека ваквото однесување е недозволиво и неприфатливо, да се обидат целата вина за нивната неспособност да раководат со Општина Битола да ја префрлат врз Советот.

 

Затоа, од оваа говорница која се наоѓа токму во зградата на Советот на Општина Битола, јавно, јасно и гласно го повикувам Градоначалникот Тони Коњановски да почне да се занимава со завршување на работите за кои е дебело платен од Битолчани, а од пред некој ден дури и со 78% проценти повеќе, да си ја задолжи екипата во администрацијата во општината да изработи и да предложи ребаланс на буџет до Советот на Општина Битола, за да не ги закочи и закотви сите процеси во градот.

 

Откако ќе се обиде да го стори ова, да престани да се жали по прес-конференции и јавни обраќања, дека советот не му одобрил средства, бидејќи за да има средства кои тој толку ревносно ги бара, тој е фигурата која треба да предложи ребаланс ! 

 

Ама изгледа дека Градоначалникот иако е изгласан од битолчани, повеќе се грижи за  состојбите во другите општини, бидејќи последниот период го гледаме дека таму “решава” проблеми, најверојатно одработувајќи некаква партиска агенда, додека Битола го чека да проработи.

 

Посебно задоволство ми е да истакнам дека сите одлуки кои се однесуваат за реализација на проекти за Битола, Советот ги има донесено навремено и одговорно од кои најголемиот дел се донесени ЕДНОГЛАСНО. Не постои ниту една закочена одлука во Советот, која е во интерес на градот !

 

Апелирам, во продолжение, да си ги “прибери”директорите на јавните претпријатија, па место да држат прес-конференции и да прават Фејсбук маркетинг, нека потрошат од платеното време од граѓаните на Битола за да сработат се она за што се платени, бидејќи сите Ние гледаме како се работи и колку се работи. Ви порачувам, фатете се за работа, немаме потреба да Ни читате партиски памфлети и голи соопштенија, сработеното секогаш се гледа на дело !

 

На крај, Советот на Општина Битола, ниту досега блокирал, ниту отсега ќе блокира добри проекти и одлуки за градот, а тоа значи само едно: дека и покрај слабиот градоначалник Битола има силен, одговорен и разумен совет, рече Габриела Илиевска од Поинаку, претседателка на Совет, на денешаната прес конференција.  

Во тек е спроведувањето на акцијата „Пост КОВИД - 19 мерки за превенција и опоравување во образованието за деца и возрасни“, финансирана во рамките на заедничкиот проект на Европската унија и Советот на Европа, РОМАКТЕД Програмата фаза 2, за „Промовирање на добро управување и зајакнување на Ромите на локално ниво“.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани