2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Со цел зајакнување на воспоставената соработка и отворање нови можности за заеднички напредок, делегација од Општина Битола, предводена од градоначалникот Тони Коњановски, го посети збратимениот град Епинал во Република Франција, каде присуствуваше на официјалниот настан по повод Свети Никола, денот на заштитникот на градот. Градоначалникот Коњановски, во своето обраќање пред присутните, ја нагласи петдецениската поврзаност на Битола и Епинал, потенцирајќи дека во идниот период, истата треба постојано да се развива и надградува.

„Нашите два града ги врзува повеќе од пет децении пријателство коешто со сите свои подеми и падови, и покрај илјадниците километри што не разделуваат, сепак трае и се одржува низ времето. Во Битола, град со франкофонска и франкофилска традиција, посебно сме горди што може да се пофалиме со најдолгото збратимување во нашата земја. Од неговите почетоци, тоа се 53 години средби, посети, соработки во најразлични домени, проекти, тоа се бројни генерации кои од едната и другата страна престојувале во Епинал, во Битола, заеднички размислувале, се договарале, планирале, се дружеле...

И токму во тоа е суштината на средбите од овој вид - тие се уште една можност да разговараме за перспективите во соработката, за идни проекти.

Да продолжиме да работиме, да делуваме, да соработуваме, да бидеме солидарни, да се развиваме, менуваме и обновуваме, за да станеме подобри, индивидуално, колективно“, рече градоначалникот Коњановски во своето обраќање.

Дел од делегацијата на Општина Битола, која го посети збратимениот град Епинал, се: секретарот на општината, Борче Димитровски и советниците од Советот на Општина Битола, Жаклина Наумовска и Бојан Бојкоски.

 

 Владата денеска донесе Одлука за определување на највисоки цени на основни прехранбени производи во трговијата на големо и трговијата на мало.

Дигитализацијата е одличен процес кога сите ученици би имале таблети, кога во секое училиште ќе има интернет. За инклузивно образование се неопходни кадровски и инфраструктурни подготовки во училиштата во охридско-струшкиот регион. Годинава во средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“ во Охрид за првпат има 4 деца со посебни потреби. Според последниот Извештај на ЕК за напредокот на Северна Македонија, реформите во образованието одат бавно

Ветување: Директен пренос на седниците на Советот на Општината

Ветување: Отстранување на столбови (сигнализација) за велосипедска патека

Да сопре нелојалната конкуренција и нелегалната продажба на фалсификувани бисери во Охрид, бара Светската организација за интелектуална сопственост (WIPO-World intellectual Property Organization). Државата во 2012 година ги брендира бисерите на двете охридски семејства, Филеви и Талеви, како најстара трговска марка и патент. Охридскиот бисер е заштитен како географски назив и интелектуална сопственост од страна на македонските институции, а по извршена анализа и изготвен елаборат на Технолошко-металуршкиот факултет, кој ги утврдил посебностите и сите својства кои го карактеризираат производот. Но, заштитата е само на хартија, во Охрид на секој чекор се продаваат лажни бисери

Специјалистите вработени во која било државна или приватна болница ќе можат да дежураат во здравствените установи ширум државата. Со новите законски измени ќе им се овозможи на докторите да дојдат кај пациентите во помалите градови, наместо пациентите со компликации да одат во болниците во градовите надвор од нивното место на живеење

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани