
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Ниту еден трик, ниту еден измислен и анонимен лик, најавен како “успешен бизнисмен” со туѓи пари, нема да ви помогнат да се оправдате за четирите одземени години на Битола и битолчани. Со изборот на анонимниот и неискусен Кондовски само признавте, дека ја потценувате и игнорирате Битола и битолчани имајте на ум, дека долго СДСМ не смееше да се појави меѓу битолчани, пишува во реакцијата на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Битола по објавата на СДСМ дека кандидат за градоначалник ќе им биде Христо Кондовски.
„Сите лаги и ветувања се разобличени, потврдивте дека ниту имате избор ниту сериозно за Битола размислувате. Очигледно критериумите за кандидирање не се квалитетот, професионализмот и познавањето на битолските прилики и проблеми, туку обичен пазар“, пишува во реакцијата, во која од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека завршува времето со правилото -се е на продажба и кај битолчани не поминува.
„Уште помалку врват сомнителни бизнисменчиња кои освен со далавери и корупција да го полнат својот џеб, досега не покажале ништо друго“, стои во реакцијата.
Уште додаваат дека поради актуелната власт Битола нема гасификација, пречистителна станица, економски инвестиции, ниту едно ново работно место, Мултифункционален спортски комплекс, нов сточен пазар, реновирана, ниту нова Противпожарна станица, а има сообраќаен хаос, ужасна инфраструктура и раскопани улици.
Истече рокот за поднесуваме на независни кандидатски листи за престојните локални избори. Во ОИК Битола поднесена е една независна кандидатура за градоначалник од страна на спортскиот работник Зоран Лазаровски –Паљо и три независни лиси за советници од група избирачи„Поинаку“ предводена од Габриела Илиевска, друга независна листа на чело со Ристенка Алтипармаковска и трета на Ремзи Медик од „Баирска светлина“.
Зоран Лазаровски –Паљо кој е бобибилдинг легенда во Битола по втор пат ќе се обиде како независен кандидат да се бори за градоначалничката функција, откако во 2021 година не успеа да стигне до вториот круг. Ветува дека во фокусот ќе му бидат инфраструктурата, туризмот и загадувањето
.
И „Поинаку“ ќе се обиде да добие втор мандат за советници во битолскиот општински Совет, откако пред четири години беа првата независна иницијатива која успеа да влезе во Советот. Досега беа претставувани од Габриела Илиевска и Иван Чулакоски.
За првпат во историјата на локалната власт во Битола има листа составена од припадници на ромската заедница, предводена е од Ремзи Медик, долгогодишен НВО активист кој се залага за поголеми права и подобри услови за живот на ромското население. Во фокусот на престојните избори ќе му бидат инфраструктурните проблеми на Баирот, водоснабдувањето, вработувањето и образованието.
Ристенка Алтипрамаковска во досегашниот Совет беше советничка од ДОМ, но сега собра потписи и поднесе незсависна советничка листа. Главни теми на кои ќе се фокусира се иницијативата за дислоцирање на паркинг просторот од плоштадот Гоце Делчев и пренасочување на сообраќајот, за Широк Сокак да биде пешачка зона, од Сат кулата до Шеталиште. А истовремено решавање на паркинг преку изградба на монтажни катни гаражи. Вели иницијативата е предложена на седница во 2019 година, едногласно донесена, но не е реализирана. Понатаму велосипедски патеки, туризмот на Пелистер зашто подпелистерските села Нижеполе и Дихово не се опфатени во проект за прочистителна станица предложила изработка на проект за решавање на проблемот за отпадните води и други приоритети.
Во Могила неазвисна листи за советници поднеле Борче Бучински и Златко Шурбевски.