
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Марија Малгожата Мачковска, вработена во НУУБ„ Св. Климент Охридски“ - Битола ја доби престижната награда „Рицерски крст - Орден за заслуги на Р. Полска“ од претседателот на Полска Анджеј Дуда.
Здружението за македонско – германско пријателство и соработка од Битола по повод 25 годишнината од постоењето организираше онлајн предавање на тема: „BEITRITT der EU / Пристапување во ЕУ“.
Претседателката д-р Валентина Илиева ги поздрави присутните ученици и професори. Предавањето беше во изведба на ученици од Гимназијата „Јосип Броз Тито“ под менторство на проф. Марија Стојановска и Економското училиште „Јане Сандански“ Битола под менторство на д-р Николче Шулевски во кое гостите имаа можност да се запознаат со ЕУ, преку темите:
- Историја на ЕУ
- ЕУ денес
- Јазици во ЕУ
- Институции во ЕУ
- Економија во ЕУ
Се водеше и дискусија на тема: Пристапување на Р. Северна Македонија во ЕУ со нејзините позитивни и негативни страни на германски и на македонски јазик. Проектот е поддржан од Гете Институт.
Презентациите и дискусијата беа изведени јавно, на онлајн платформата ЗООМ. Присутни беа околу 50 заинтересирани ученици и професори.
На крај претседателката се заблагодари за прекрасно подготвените и презентирани информации за Европската унија притоа осврнувајќи се на темелниот пристап на учениците и нивните ментори д-р Николче Шулевски проф. по германски јазик во СЕУ „Јане Сандански“ и проф. Марија Стојановска проф. по германски јазик во Гимназијата „Јосип Броз Тито“. Посебно интересни факти беа изнесени во дискусијата со предностите и недостатоците за членството во ЕУ и да се слушне размислувањето на младите на оваа тема.
За учеството во проектот „Пристапување во ЕУ“ учениците добија потврда за учество и мали подароци од Здружението за македонско-германско пријателство и соработка од Битола.
После повеќе од еден век од изградбата на Мостот кај Безистенот, се појави сериозен проблем со носачите на мостот. Опасноста е особено голема за безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Новата локална самоуправа, уште првиот работен ден пристапи кон решавање на проблемот, а превентивно ќе се провери состојбата и на сите мостови на реката Драгор. Последниот податок за безбедноста на мостовите е стар повеќе од 40 години.
„На само една недела од преземањето на градоначалничката функција, соочени сме со проблем кој е резултат на долгогодишна негрижа. Во овој случај, последица на таквата ситуација е мостот кај Безистенот, каде при интервенција во рамките на тековнoто одржување на улиците од страна на КЈП Нискоградба, констатиранo е сериозно оштетување на омега носачите, кои се наоѓаат под коловозната конструкција, поради што санацијата веднаш е запрена. Извршено е демонтирање на носачите и побарана е асистенција од СВР Битола за регулирање на сообраќајот. Во завршна фаза е и изготвувањето на проектот за времен режим на сообраќај, со цел растоварување на сообраќајот во централното градско јадро.
За жал, се соочивме со воопшто нетретирано прашање во однос на состојбата со мостовите, а поради тоа и неподготвена проектна документација, што претставува дополнителна отежнувачка околност.
Со оглед на тоа што, градежните активности потребно е да се изведат во Старото градско јадро, кое е заштитено подрачје, а пред нас е зимски период, како локална самоуправа ги презедовме потребните координативни мерки со вклучување на сите стручни служби за навремено постапување, имајќи ја предвид безбедноста на движењето на граѓаните, како и законската регулатива.
Денес, од страна на Градежниот факултет, веќе се вршат потребните испитувања, кои се од особена важност за изготвување на проектната документација, а во постапката, согласно закон, ќе бидат вклучени и НУ Завод и Музеј и Управата за заштита на културното наследство, до целосно комплетирање на докоментацијата и обезбедување на одобрение од Министерството за транспорт и врски.
Имајќи ги предвид наведените околности, ги замолувам граѓаните за трпение и разбирање до целосно завршување на инфраструктурните зафати, за што сме максимално ангажирани.
За да не се повтори ваквата ситуација и на други места на коритото на реката Драгор, преземени се конкретни мерки со кои во програмата за 2022 година, предвидена е ревизија на мостовите, која не е направена 40 години. Со ревизијата, ќе се изврши потребната евалуација на мостовите од кои некои, како во конкретниот случај, се постари од еден век. На тој начин, зависно од состојбата во која се наоѓаат, ќе се изработат и реализираат проекти за реконструкција, со цел да не се повтори во иднина опасност од вакви размери“, изјави градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски.