2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Од денес изведувачот на изработката на техничката документација и реконструкцијата на Мостот кај Безистенот е воведен во работа. Како прва фаза од предметните работи е изработката на проектната документација, во која е предвидено и пескарење на челичната конструкција. Подготвителните активности се веќе отпочнати, а со пескарење ќе се започне во понеделник, информираат од Општина Битола

Додадваат дека после изработката на техничката документација, ќе следува обезбедување на одобрение за реконструкција од Министерството за транспорт и врски, со цел отпочнување на градежните активности.

Денес,  на акумулацијата Стрежево, меѓу Лера и Свињиште, на оддалеченост од околу 10 метри од брегот на езерото пронајдени се неколку рибарски мрежи, со вкупна должина од 250 метри, жилавки наменети за крупна риба.

FB IMG 1639688520529

Ако ги прашате политичарите ќе кажат дека медиумските реформи сè уште не дошле на дневен ред, додека медиумските работници оценуваат дека нема политичка волја за независни регулаторни тела. По два распишани јавни конкурса, од кои еден поништен, трета година не може да се изберат нови членови на Програмскиот совет на МРТВ и Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги(ААВМУ). Овие две тела работат со истечени мандати, додека одлуките што се донесуваат во овој период се оценуваат како „дискутабилни“

Во охридско-струшкиот регион недостигаат педијатри, уролози, хирурзи, гинеколози и други специјалисти. Здравствениот сектор се соочува со загуби на медицинскиот персонал, особено на лекари специјалисти, кои одат во приватниот сектор или заминуваат на работа во странство, оценува Европската комисија во објавениот Извештај за напредокот на земјата. До Лекарската комора годинава пристигнале 155 барања за потврди за странство. Најчесто лекарите заминуваат во Германија, скандинавските земји и Словенија

Власта и институциите задолжени за борба против криминал и корупција ја истакнуваат важноста на справување, но и превенција на оваа штетна појава во општеството која ги еродира институциите и ја поткопува демократијата. Сепак, граѓаните сметаат дека овие заложби се само декларативни и не ја изразуваат вистинската ситуација на терен.  Резултатите од последното истражување на Националниот демократски институт, покажуваат дека близу две третини од испитаниците (63 отсто) не се задоволни од борбата против корупцијата, а 58 отсто од нив сметаат дека владините заложби не се ефективни. Секој втор граѓанин смета дека нема да биде преземено никакво дејствие или стравува од одмазда доколку пријави корупција. Корупцијата е распространета во многу области и останува прашање на загриженост, оценува Европската комисија во последниот Извештај 

Само двајца земјоделци во охридско се сертифицирани за органско производство, а ниту еден пчелар од овој регион не ги исполнува условите. Неконтролираната употреба на пестициди во јуни годинава предизвика голем помор на пчели во охридските села. Недостаува едукација и примена на законите. Европската комисија нотира мал напредок во областа на руралниот развој

Не е работата на граѓаните да проверуваат дали сите услуги што ги користат се во согласност со сите закони коишто постојат во државата. Ниту можат да го знаат сето тоа, ниту треба да го знаат и да го бараат. Затоа постојат надлежни институции коишто треба да вршат надзор и да контролираат дали нешто функционира според регулативата, а доколку тоа не е случај соодветно да постапуваат и сакнционираат. Во овој случај, обврска на фирмите кои вршат превоз на патници е да имаат соодветни лиценци, а на Државниот инспекторат за транспорт да провери дали тие ги почитуваат законите и да ги казнат сите за сите пропусти. Царинската управа, пак, не смеела да дозволи возило да ја напушти или да влезе во државата без соодветна документација. И тоа не еднаш, туку 135 пати едно исто возило без лиценца, како што утврди истрагата

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани