2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Во неверојатна пурпурна боја вчера беше обоено небото над Преспа додека траеше  силното невреме проследено со ветер и дожд, а делови од источниот брег беа зафатени и од град.  

Поголема здравствена заштита, олеснет и зголемен пристап до здравствени услуги, конкретно антиковид имунизација на жителите во населбата Баир е целта на заедничката акција за отворање на пунктот за имунизација, што се реализира како плод на успешната соработка на проектот „БАИР“ со Здравствен дом „Д-р Хаим Абраванел“ од Битола.

Пунктот е  лоциран во просториите на месната заедница „Димитар Влахов“, а ќе биде отворен за сите жители од среда до петок, од 16 до 19 часот. Само денес таму се имунизираа 36 жители на населбата.235104961 1006335333472608 92221911624263043 nОваа, впрочем е првата активност на едношалтерската сервис услуга во рамките на проектот. Поточно еден ден во неделата во текот на следните 2 и пол години, во месната заедница ќе присуствуваат вработени од: ЈКП „Водовод“, ЈП „Комуналец“, ЈП „Нискоградба“, Меѓуопштински центар за социјална работа, Центар за јавно здравје и општински советници за образование. Жителите на Баир ќе може лесно и брзо да ги адресираат своите проблеми, а вработените да преземат брзи мерки и адекватни решенија. Ова е практична реализација на обврските кои што се предвидени со веќе потпишаните меморандуми за соработка со сите институции во текот на месец мај.

„Имплементацијата на проектот 'БАИР' започна на почеток на годинава, а ќе трае 3 години. Главната цел на проектот е сеопфатна социо-економска инклузија на ромската заедница од населбата Баир. Една од клучните проектни активности е урбана надградба и регенерација што вклучува промена на постоечкиот ГУП на град Битола и ДУП за Баир, како и реконструкција на улиците „Струшка“ и „Сутјеска“, сѐ со цел значително подобрување на условите за живеење на ромското население. Дополнително, предвидени се активности за јакнење на капацитетите на заедницата, во месната заедница „Димитар Влахов“ веќе шестти месец функционира тим за поддршка на населението, а ќе следат културни и спортски настани во насока на поголема вклученост на Ромите во социо-културниот живот на Битола како и промоција на истакнати Роми спортисти“, рече Климентина Ѓорѓиевска, проект менаџер. 

Третата проектна компонента во чии рамки е Едношалтерската сервис услуга, вклучува и интегрирани кампањи за поткревање на свеста и герила акција за еднакви права и пристап до јавни услуги. Проектот е финансиран од Европска Комисија, во рамките годишната акциска програма за Република Северна Македонија за 2019 со инструментот за Претпристапна помош (ИПА 2), ЕУ за Ромите и луѓето кои живеат во длабока сиромаштија. Партнери во проектот „БАИР“ се италијанската НВО „ЦОСВ“, Фондацијата за одржлив економски развој „ПРЕДА Плус“ и Општина Битола. 231981006 354938039495901 7177853403371765561 n

Извршниот одбор на Здружението на пензионери за општините Битола, Новаци и Могила под претседателство на Даница Петличкова на денешната седница го прифати полугодишниот извештај за првите шест месеци од годинава отценувајќи дека тој е позитивен и во склоп на мерките за економично работење. Поради пандемијата одредени манифестации што беа планирани да се одржат не се одржаа, што не значи дека истите нема да се одржат доколку здравствената состојба на населението во државата биде подобро.

На седницата беа прифатени мерките и критериумите за доделување на хуманитарна помош на пензионери со ниски примања во семејството, за што ќе се добијат податоци со акцијата за изработка на социјална карта што е во тек, а која ја извршуваат пензионери волонтери.

Во врска со градскиот превоз на пензионерите беше речено дека одредени превозни организации ги немаат продолжено договорите за превоз на пензинерите во градот, додека до селата истите договри добро се извршуваат и согласно самите протоколи за тоа.

Извршниот одбор донесе одлука со финансиски средства да даде продонес во опременувањето на просторот за потребите на пензионерите во село Кукуречани, а беше и поднесена инфомација за одржување на регионалните спортски игри на први септември во Прилеп. На седницата на ИО на здружението на пензионери согласно мерките за заштита до ковид-19 беа донесени и други одлуки за успешно функионирање во следниот период на оваа организација.        pen5

pen3

pen2

ЈКП Водовод ги известува своите корисници дека во текот на утрешниот ден (12.08.2021) ќе има прекин во водоснбдувањето на ул. Васко Карангелевски и дел од ул. Игнат Атанасовски.

Екипите на ЈКП Водовод ќе работат непрекинато за побрзо санирање на дефектот, соопштија од претпријатието. 

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани