
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Владата на на денешната редовна 115-та седница, согласно моменталната епидемиолошка состојба во државата, на предлог на Комисијата за заразни болести ги донесе следните заклучоци:
Графичката струка од СОУ „Таки Даскало“ - Битола и НУУБ „Св. Климент Охридски“ - Битола, на 19 и 20 октомври 2021 година, реализираа работилници по повод Месецот на книгата во кои учениците-графичари подготвија пораки за книгата и читањето и со истите изработија тефтерчиња кои се подаруваат на читателите на библиотеката.
Поради реконструкција на железничкиот премин во близина на битолското Дулие, поточно на Новачки пат, денес отежнато се одвиваше сообраќајот на излезот од Битола и патот за Новаци, Логоварди и РЕК „Битола“. Возилата не можеа да минуваат директно по патниот правец Битола -Новаци, туку мораа да вратат од кај црквата Света Недела каде се создаваше тесно сообраќајно грло, а потоа се приклучуваа на регионалниот пат за Новаци. Низ заобиколниот пат минуваа автобуси, камиони и други возила, па сообраќајот се одвиваше забавено. Во тек е модернизацијата на горниот строј на железничките премини со рециклирани гумени елементи.
Министерството за здравство ја објавува неделната информација за починати лица со Ковид 19 кои биле комплетно вакцинирани, какви хронични заболувања имале починатите и колку од починатите со каков тип вакцина биле вакцинирани. За комплетно вакцинирани се сметаат лицата кои примиле две дози вакцина, а од ревакцинацијата поминале повеќе од 14 дена.
Работена по легендата на Марко Цепенков за овчарот и трите самовили, а обремената со еколошките проблеми на денешницата, „Три“ е првата професионална детска претстава на знаковен јазик во Македонија. Прeмиерата е на 29 октомври, во 18 часот во Центарот за култура во Битола, а наменета е за широка детска публика, меѓу кои и за деца со оштетен слух.
Во рамките на отворените денови на граѓанското образование, учениците од ООУ „Славко Лумбарковски“ во Новаци, организираа низа на активности посветени на борбата против сајбер насилството. Беа изработени плакати кои претставуваат детски совети, како нивните врсници да се заштитат од сајбер насилството. Дел од советите кои учениците ги упатуваат се:

Во рамките на отворениот ден беше одржана и едукативна работилница на барање на учениците каде соодветно предавање за законската заштита од сајбер насилство беше одржана од страна на Никола Ристевски-дипломиран правник.
Отворените денови на граѓанското образование се организираат со цел учениците, под раководство на наставниците да ги изнесат своите иницијативи за подобрување на општеството и средината во која живеат. Учениците се носители на иницијативите, додека наставниот кадар како и стручните соработниците помагаат сите ученички идеи, да добијат определена форма на исказ. Воедно овие активности претставуваат мост помеѓу училиштето, локалната заедница и медиумите. Целта на овие активности е да се развие свест кај учениците за активно граѓанство, насочено кон креирање на решенија за актуелните проблеми и подобрување на затекнатата ситуација. Во релизирањето на активностите учествуваа учениците од VIII и IX одделение под менторство на наставниците: Васко Гичевски наставник по граѓанско образование, Анета Соклевска одделенески наставник и стручните соработници дефектолог Тамара Станчевска и психолог Марина Јовановска. Координатор на целокупната активност е директорот на ООУ „Славко Лумбарковски“ м-р Илче Соклевски.
