
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Здружението на пензионери од Битола на 23.10. 2021 год со волнтерки-пензионерки организира хуманитарна акција за собирање на храна во маркетот ,,Тинех,, Битола 1 под мотото ,, Нахрани 10.000! Приклучи се! Донирај конзервирана и нерасиплива храна!“. Во рамки на акцијата беше собрана поголема количина храна која ја донираа купувачите.
Со потпишување на меморандумот за соработка од страна на Сојузот на здруженијата на пензионери на Република Северна Македонијаи и Здруженијата членки на Сојузот, Здружението на пензионери Битола пристапи кон соработка со граганската асоцијација ,,Ајде Македонијо“ со цел успешна имплементација на проектот ,,Одржлива мрежа за спасување на храна“.
Општата цел на оваа платформа е преку заемната соработка , разбирање и помош помеѓу договорените страни да се овозможи успешно проширување на системот за дистрибуција на вишок храна- ,,Сите сити“ и воспоставување на национална мрежа од граѓански организации, приватни бизниси и асоцијациии .
Храната ќе им биде поделена на пензионери, со ниски примања , болни и изнемоштени по завршување на локалните избори. Од Здружението на пензионери изразија благодарност до граѓаните- донатори, раководителот и вработените на маркетот ,,Тинех“ од Битола.
Битолчани пак со смет го наполнија каналот кај деловниот комплекс „Шехерзада“ кој пред месеци и половина волонтерски го исчисти еко дружината „Мети си со класнето“.
Целосно асфалтирана една од најдолгите улици во Битола, „Илинденска“. Остана уште во дел да се уредат тротоарите. Улицата е долга 2,1 километар и е една од главните сообраќајни артерии во градот, каде живеат стотици семејства. Реконструкцијата започна на 29 февруари минатата година што значи траеше година и десет месеци. Во овој период се случи и ковид –кризата поради што дел од градежните работи во 2020 година беа одложени за подоцна.
Улицата се реконструираше на делови, а ова е прво целосно преасфалтирање после 40 години, односно откако беше направена. Претходно на неа беа крпени само ударните дупки, а сега променета е и примарната и секундараната канализациона и водоводна мрежа. За ваквите темелни зафати од општинскиот буџет беа издвоени 32,7 милиони денари.
МЕЃУ НИВ ПЕТ БИТОЛЧАНКИ
