
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
За здравствената состојба денес се караа локалното мнозинство и опозицијата во битолскиот Совет. Советникот од ВМРО-ДПМНЕ Иванчо Тошевски рече дека Битола ги живее едни од најцрните денови од своето постоење зашто во текот на изминатата недела имаше 555 нови случаи на ковид позитивни лица или неделен раст од 78,8 проценти во однос на претходната недела. Досега во Битола од вкупно 4881 регистрирани ковид случаи, само во изминатите три недели се регистрирани 1106. Тошевски побара да се одложат сите точки и да се разговара само за здравствената состојба и да се формира Фонд за лекување на пациенти кои не можат сами да си го платат лекувањето. Во меѓувреме дел од советниците бараат оставки од кризниот штаб.
Локалното мнозинство во Советот гласаше воздржано, а откако точката не беше донесена опозицијата ја напушти седницата.
Борче Корлевски, советник од СДСМ рече дека советниците треба да им служат на граѓаните, па се она што е во нивен интерес како предложена мерка, без разлика дали доаѓа од власта или од опозицијата , треба да се разгледа, но да се повикува на оставки и барање виновници, со тоа нема да се подобри состојбата.
Претседателот на Советот Валентин Груевски потсети дека Општината даде повеќе донации во борбата со ковид-19, и тоа, 20 000 евра за брзи тестови, 10.000 евра за поддршка на лабораторијата во Центарот за јавно здрвје, уште 10 000 евра доанција за кислородна поддршка во Битолската болница, Општината беше вклучена и во партерното уредување околу модуларната болница, а јавните претпријатија за подготовка на теренот за нејзина изградба.
Советничката Жаклина Наумовска пак рече дека вистинската причина за заминувањето на опозицијата се токму завршните сметки на јавните претпријатие кои покажуваат дека СДСМ и колалицијата сработија повеќе за нецели 4 години од нивните 12.
„Тоа е причината поради која не учествуваат на седницата и е причина за непотребно да прават уште еднаш драма и театар во вакво време невреме, што е најмалку потребно“, рече Наумовска.
На денешната седница советниците од општинскиот Совет ја изгласаа одлуката угостителите да ги отстранат оградите од терасите од денес наместо на предвидениот рок - 15 април, за да се избегне престојување на повеќе лица во затворен простор
Општина Битола го заврши партерното уредување околу Модуларната болница која е дел од Регионалниот КОВИД центар. Општинските јавни претпријатија беа вклучени во подготовката на теренот и изградба на инфраструктура, а за таа цел од Буџетот беа издвоени 40 илјади евра. Сега е готов и пристапот до објектот
„Со желби за добро здравје, благосостојба во домовите, мир во душата и срцето, Ви посакувам радосно да го дочекате денешниот голем празник Велигден во кругот на Вашите најблиски. Без разлика што веќе втора година овој голем празник не можеме да го дочекаме со целата негова светлост поради пандемијата со КОВИД-19, сепак, да останеме доследни на традицијата, љубовта, верата и чистата мисла.
Ви го честитам Велигден – празникот на Христовото Воскреснување“, истакна градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска, во честитката до верниците кои денес го прославуваат Велигден.