АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Изложба на рачно изработени модни додатоци организираа ученицте од текстилната насока на СОУ Таки Даскало по повод 8 Март- Денот на жената. Како дел од наставната програма и активности во училиштето по слободен избор на ученикот, учениците од текстилната насока изработија ташни, новчаници, футроли за мобилни телефони, брошеви, ланчиња, со примена на различни текстилни материјали и техники на изработка.
Учениците од текстилната насока стекнуваат вештини за конструкција и моделирање на облека, дизајнирање на модна колекција. кроење, шиење, везење, плетење, ткаење, изработка на модни додатоци, цртање и слиакње.
Текстилната струка е актуелна со ентузиазмот и работата со учениците,а професори се Анита Стефановска, Драган Николовски, Живка Танушевска - Ицановска, Ема Ќука
Учениците кои се заинтересирани за овој креативен смер можат да ги посетат работилниците и атељето