АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во изминатите пет години во Техничкото училиште во Битола се извршени капитални инфраструктурни зафати, први во толкав обем во последните 36 години од кога постои училиштето со кои во огромна мера се подобрени условите за учење и работа во училиштето од кои бенефит гледаат и учениците и вработените.
Заедно со проектот за нова енергетски ефикасна фасада кој го финансира МОН и е во фаза на очекување на започнување на градежните работи, во училиштето се вложени близу 600.000 евра. Променет е стариот азбестен покрив, заменета е старата дрвена дограма со нова ПВЦ, комплетно е заменето осветлувањето со економични ЛЕД панели, направени се најдобрите спортски терени во градот кои се единствени со мека тартан подлога, заменети се подови во училниците, поставено ново заштитно громобранско заземјување, бојадисани се училниците, комплетно е реновирана спортската сала, вложено е во модернизација на нагледните средства и многу други активности.
Уште едно ново големо достигнување на раководниот тим на училиштето е аплицирањето на Регионален фонд за предизвици за Западен Балкан (RCF) каде успешно го помина филтерот на првата фаза во која аплицираа 123 апликанти од Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Македонија. Апликацијата на техничкото училиште успешно ја помина првата фаза и влезе во фаза помеѓу 47 успешни апликации од кои само 9 од Македонија.
„Со овој успех сме на чекор до добивање на грант во износ од 584.000 евра средства наменети за техничка поддршка и опремување на училиштето со што со сигурност ќе бидиме едно од најдобро опремите училишта во југозападниот дел на државата. Во периодот што следи не чека напорна работа во следните фази, но се надевам дека ќе влезиме во финалниот избор. Напорно работевме да го постигниме овој успех. Искрана благодарност до ФОД и Кромберг и Шуберт со кои аплициравме како конзорциум. Вработените на овие фирми уште еднаш покажаа и докажаа дека се општествено одговорни правни субјекти кои несебично вложуваат во подобрување на условите за работа во училиштето и со тоа го помагаат развојот на образованието во градот. И со двете фирми имаме одлична соработка и примена на дуалното образование, а учениците имаат можност практичната настава да ја изведуваат во реални компании по највисоки стандарди под водство на сертифицирани ментори“, изјави за Апла.мк директорот на техничкото училиште, Владимир Роме.
- Соработката со Делегацијата на германското стопанство е на највисоко ниво, а во следната учебна 2022/23 година ќе ја имаме првата генерација матуранти од профилот техничар за индустриска мехатроника кој се изучува по гермаски систем на дуално образование во соработка со Кромберг и Шуберт. Сега гледам дека донесов вистинска одлука кога во 2019 год. го прифатив предлогот на Делегацијата на германското стопанство во нашето училиште да се воведи дуално образование по германски стандарди. Како некогашен ученик во ова училиште гледав напред и сакам ова училиште да биди најдобро стручно училиште во државата и се` што правев и правам во последните близу пет години е во таа насока. Условите во кои учат овие ученици во Кромберг и Шуберт се просто кажано европски и само со такви услови на работа ќе можиме да продуцираме уште поквалитетни кадри.
Упатувам искрена благодарност и до градоначалникот на општина Битола, г-динот Тони Коњановски кој без двоумење го потпиша Писмото за поддршка со кое застана зад нас при поднесувањето на апликацијата до РЦФ фондот. Во изминатиот период имавме одлична соработка со општината и беа издвоени големи средства за подобрување на условите за работа во училиштето и искрено се надевам дека тој тренд и соработка ќе продолжат и во иднина“, рече Роме.
Уште во првиот уписен рок пополнети се сите места за струката електротехничар за компјутерска техника и автоматика во Средното техничко училиште ,, Ѓорги Наумов" во Битола.
Од училиштето за Апла.мк велат дека традиционално за оваа струка интересот е најголем, пополнети се сите предвидени 102 места во три паралелки. За оваа струка нема да има втор упис.
Останати се неколку слободни места за електротехничар за електроника, телекомуникации и електротехничар енергетичар. За нив ќе следува и втор уписен рок, како и за машинската струка каде има слободни места.
Паралелката за техничари за индустриска мехатроника има само 10 пријавени ученици.
По првиот упис на Средното техничко училиште имаат останато уште 175 слободни места, а беа објавени 365.
Несовесни возачи ги паркирале и оставиле со денови своите возила во дворот на техничкото училиште „Ѓорѓи Наумов“- Битола, па од школото не можат да го исчистат дворот пред почетокот на второто полугодие од школската година .
Секојдневно возачи го користат школскиот двор како бесплатен паркинг и покрај рампата и апелите од училиштето да не се влегува со возила во дворот на школото. Низ дворот на техничкото училиште редовно поминуваат и пазарџиите од Новиот пазар.
Во СОТУ „Ѓорѓи Наумов“оваа учебна година е отворен нов кабинет за микро-контролери и микро-компјутери за кој училиштето,како донација, доби дидактичка опрема од компанијата „Логинг Електроникс“ од Скопје.
Донацијата се состои од повеќе „Ардуино“ развојни микро- процесорски системи кои значително ќе ја осовременат наставата по стручните предмети за образовните профили електротехничар за електроника и телекомуникации и електротехничар за компјутерска техника и автоматика. Со оваа донација училиштето ќе биде во чекор со современите технолошки трендови што сигурно уште повеќе ќе го привлече интересот на младите генерации да го изберат стручното образование како своја иднина.
Ваквите активности помеѓу СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ и ДОО „Логинг Електроникс“ се резултат на потпишаниот меморандум за соработка од 16 мај 2018 г. од страна на Златко Крстевски, генерален менаџер на „Логинг Електроникс“, и в.д. директорот на СОТУ Ѓорѓи Наумов, Владимир Роме.Наведената донација е реализирана во рамките на акцијата „Технологија за тебе“ која ДОО „Логинг Електроникс“– Скопје ја спроведува со цел да помогне во образовниот развој на средношколците од електротехничката струка. Од СОТУ „Ѓорѓи Наумов“изразуваат благодарност за донираната опрема која на учениците им овозможува да бидат во тек со употребата на новите технолошки уреди во брзорастечкиот свет на напредните технологии.
На овој начин раководниот тим на Училиштето го продолжува воспоставениот тренд на модернизација и афирмација на оваа образовна институција која има водечка улога во сферата на средното образование за техничките струки во регионот.