АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Денес во СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ се реализираше пролетната крводарителска акција во која својата хуманост ја покажаа и даруваа крв вкупно 26 крводарители од кои 22 ученици и 4 вработени, меѓу кои и директорот Владимир Роме.
Спроведената крводарителска акција е реализирана во соработка со Општинската организација на Црвениот крст и Центарот за трансфузиона медицина – Битола.
„Нашата дарувана крв некому ќе спаси живот. Ние ја покажавме нашата хуманост и се надевам дека нашиот пример ќе да го следат и други хумани граѓани“, рече директорот Владимир Роме.