АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Уште во првиот уписен рок пополнети се сите места за струката електротехничар за компјутерска техника и автоматика во Средното техничко училиште ,, Ѓорги Наумов" во Битола.
Од училиштето за Апла.мк велат дека традиционално за оваа струка интересот е најголем, пополнети се сите предвидени 102 места во три паралелки. За оваа струка нема да има втор упис.
Останати се неколку слободни места за електротехничар за електроника, телекомуникации и електротехничар енергетичар. За нив ќе следува и втор уписен рок, како и за машинската струка каде има слободни места.
Паралелката за техничари за индустриска мехатроника има само 10 пријавени ученици.
По првиот упис на Средното техничко училиште имаат останато уште 175 слободни места, а беа објавени 365.