
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Синоќа панда првиот снег на Пелистер како што се гледа и на фотографијата на планинарот Јонче Илиевски направена на врвот Антена. Илиевски вели дека снегот паднал уште вчера вечер во повисоките делови на планината над 2400 метри надморска височина, но снежната покривка засега е тенка и изнесува само неколку сантиметри.
Денеска започна изграбата на колекторско-канализациониот ситем во Потпелистерието. Градежните активности се одвиваат на потегот од месноста Црвени Петли кон селата Трново и Магарево, а во првата фаза ќе бидат вложени 6,8 милиони денари.
Министерството за животна средина издвои 3,5 милиони денари за доизградба на колекторскиот систем кој ќе ги опфаќа отпадните води од Потпелистерските села, најави денеска заменик министерот за животна средина Јани Макрадули на средбата со градоначалничката на Битола, Наташа Петровска.
Деновиве се навршуваат 60 години откако група битолски ентузијасти ги направија првите обиди за прием на телевизиска програма во Македонија, на врвот Пелистер, на планината Баба, со што битолчани имаа можност први да го следат реемитуваниот ТВ сигнал на Италијанската радио телевизија РАИ 1.