2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

По срни, елени и волци, мечка "позираше" пред камерите на Пелистер

Ноември 30, 2018

Системот за мониторинг на крупен дивеч поставен на 8 ноември на Пелистер, во изминатите три недели регистрираше срни, елени, волци, а вчера пред камерите, за првпат застана и мечка, која најверојатно се разбудила од првиот зимски сон.

 Од фотографиите што ги објавува НП Пелистер на ФБ страницата, може да се види како на исто хранилиште, во ист ден, но во различно време се снимени и срна и волк  кои дошле по храна, па за среќа не се сретнале. 

Системот за мониторинг го постави тим составен  од експерти за мониторинг ангажирани од ЦеПроСАРД и ренџери вработени во НП Пелистер. Поставени се 10 фото замки на повеќе локации на територијата на паркот.

Овој систем е набавен во рамки на проектот и е наменет за мониторинг и заштита на кафеавата мечка (Ursus arctos), рисот (Lynx lynx) и волкот (Canis lupus).

Набавката на системот кој покрај камери содржи компјутерска и друга пропратна опрема е спроведена во рамки на проектот „Поддршка за подобро управување со природните ресурси во Националниот парк Пелистер“ 

Овој проект го имплементира ЦеПроСАРД во соработка со НП Пелистер, како дел од Програмата за подобување на управувањето со заштитените подрачја, финансирана од Европската унија, а ја спроведува УНДП.

FB IMG 1543620168479

FB IMG 1543620179515

FB IMG 1543620255646

FB IMG 1543620264077

FB IMG 1543620301932

 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани