2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Младите од рурална Пелагонија ставија цени на своите иновативни производи! Работејќи на финализација на бизнис плановите, во рамките на проектот FAST FORWARD, 15 млади ги презентираа своите претприемнички идеи и истражуваа како да ги освојат пазарите во регионот.

Петтата работилница која се одржа оваа сабота во Битола беше посветена на истражување на пазарниот потенцијал на нивните бизнис идеи и формирање на индикативни цени со цел младите да проверат колку нивните идеи се рентабилни и пазарно ориентирани.

Дополнително, младите работеа на анализа на спецификите на конкретен пазар, анализа на сегмент од пазар како и разработка на профил на потенцијален купувач.

Ги разгледаа своите бизнис планиви и низ призмата на приходите и расходите односно направија проценка на потребните инвестиции и започнаа со изработка на базична финансиска проекција за наредните три години по основањето на нивниот стартап. Во последниот дел на работилницата, експертот им помогна да ги совладаат и основите за “пичинг” на една бизнис идеја.

Проектот “FAST FORWARD – развој на вештини на младите од Пелагонија за подобра иднина” е имплементиран од Здружението за унапредување на развојни процеси ПРО ЛОКАЛ од Битола со поддршка од Американската Амбасада во Северна Македонија.

pro2

pro3

pro4

Над 50-тина млади од сите 9 општини во Пелагонискиот регион со голем ентузијазам го означија почетокот на нивното двегодишно дружење со очекување дека на крајот од проектот ќе можат многу поуспешно да влијаат врз општините и институциите на регионално ниво и да ги наметнат своите идеи за развој на местата каде што живеат.

про2

Проектот „Зајакнување на младите во Пелагонија 2“ на младите ќе им пренесе знаење преку иновативни работилници на отворено, јавни дебати без предрасуди, симулации на седници на Совет, обуки и тренинзи на теми за личен развој кои ќе ги одржат домашни и странски експерти. Повеќето млади за првпат ќе учествуваат во проект надвор од училниците или предавалните во редовното образование затоа што во помалите и рурални општини речиси и да нема неформално образование и активности за развој на младите луѓе. Дополнително, со проектот 14 млади луѓе ќе добијат шанса за платено практиканство во јавниот и бизнис секторот како и во граѓанските организации.

про3

Про Локал, организацијата која го води проектот, со финансиска поддршка од Амбасадата на Кралството Холандија и пелагониските Општини, ќе реализираат и 9 инфраструктурни објекти од помал обем по предлог на младите од секоја општина.

Проектот е продолжување на активностите од мината година во која исто така група од 50 млади луѓе поминаа интензивен едукативен процес за трансформација од пасивни млади во активни агенти на промени.

про4

про6

Предизвиците со кои се соочуваат младите од руралните места се различни од оние на младите луѓе во урбаните средини и токму затоа во рамките на проектот се креира Регионална платформа за млади во која членуваат сите 9 општини и 9 граѓански организации со мандат заедно да ги решаваат проблемите кои ќе ги идентификуваат младите.

Про Локал и локалните партнери: Еко Герила Преспа, Европска Гледна Точка, Волвокс Битола, Центар за креативни индустрии НЕБО, Младински Совет Прилеп, Младинско Здружение Пелагонци Етнос неформалните групи на граѓани Empowering Krushevo и Урбано гнездо од Кривогаштани ќе го имплементираат овој регионален проект во наредните две години.

про5

про7

про9

про10

про11

 

 

 

 

 Младите од седум рурални општини од Пелагонискиот регион го изодеа „административниот пат“ до реализација на своите идеи. По иницијатива на 50-тина млади кои беа дел проектот „Зајакнување на луѓето од Пелагонија“ во изминатите 12 месеци беа изградени две теретани на отворено во Новаци и Могила, се уредија два паркови во Демир Хисар и Кривогаштани, се опреми кино на отворено во Крушево и се уреди спортски терен во Долнени. Објектите се изградени со заедничко финансирање од Амбасадата на Кралството Холандија и општинските буџети.

Апатичноста и пасивноста на младите од руралните средини во Пелагонија, трендот на иселување село – град и недовербата кон институциите беше причината организацијата Про Локал во соработка со уште девет локални партнери да организира интензивен процес на вклучување на младите во јавниот живот.

груп 2

Проектот „Зајакнување на луѓето од Пелагонија“ функционираше како отворена Академија за лидери, активностите се реализираа на јазик разбирлив за младите – дигитално и на несекојдневни локации како островот Голем град, адреналинскиот парк во Крушево, хајкинг патеките на Галичица и Пелистер, фитнес тереана... Преку иновативни работилници, мотивациски дебати со успешни личности, симулации на работењето на јавните институции, средби со градоначалниците и советниците од регионот се градеа капацитетите на младите за да стекнат знаења и практични вештини да ја променат средината во која живеат.

Младите имаа привилегија да учествуваат на тренингот „Training on EU citizens/youth engagement practices“, кој го водеа експерти од Хаг од Академијата за Локлано Владеење која е водечка организација во светски рамки за граѓанско учество во носењето на локални политики. Добија и Сертификат за завршен тренинг кој е признат во ЕУ ( вредноста на тренингот надвор од проектот е неколку илјади евра за еден учесник) .

На завршната конференција која се одржа вчера во Битола, заменик амбасадорот на Холандија во земјава, г-дин Роберт Декер им порача на младите да ги искористат овие знаења и да делуваат – затоа што обврската да го променат местото во кое живеат им останува ним.

„Трениравме група млади луѓе за лидерски вештини, демократија, човекови права, но исто така како да ги презентираат нивните идеи и да работат заедно со општините. Градоначалниците ги слушаа младите луѓе, какви идеи имаат за нивните општини и на тие идеи беше основана соработка за да се спроведат во средината каде живеат“, рече Роберт Декер, заменик амбасадор во Амбасадата на Кралството Холандија.

амба

Градоначалниците од регионот потпишаа и Меморандум за формирање на првата регионална платформа за млади, преку која општините заедно со Про Локал и локалните организации ќе работат решавање на проблемите и унапредување на состојбата на младите во Пелагонија.

„Од една страна младите го научија формалниот административен процес , како да се обратат до градоначалниците и Советите за да реализираат конкретен проект. Од друга страна, ги зајакнаа капацитетите лидерство, настап во јавност, знаење за процедурите на донаторите, апликаци кои им се потребни како административна култура да можат да се вклучат во јавниот живот“, рече Емилиа Ѓероска, претседател Про Локал.

еми

Поради позитивните промени врз младите од рурална Пелагонија, Про Локал ќе продолжи со реализација на проектот и во наредните две години со поддршка од Амбасадата на Кралството Холандија во земјата, а во периодот 2022-2024 ќе бидат вклучени и општините Битола и Прилеп, 50 нови учесници и ќе бидат изградени 9 нови инфраструктурни објекти од мал обем по предлог на младите од пелагониските општини.

градо

млади

групна3

 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани