Полициски службеници од СВР Битола во текот на изминатата ноќ  реализираа акцииска контрола која  е дел од планот  "Безбедно лето-2022". Оваа контрола беше спроведена на јавни места каде има зачестено нарушување на јавниот ред и мир на цело подрачје на СВР Битола. 

Денеска (23.05.2022) во периодот од 7 до 11 часот полициски службеници на СВР Битола спровеле акциска контрола за санкционирање на возачите кои не ги почитуваат обврските кон пешаците. При контролата, откриени и санкционирани се 8 возачи кои не им дале првенство, односно предност на пешаците, а откриени се и 19 останати прекршоци. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци и ќе се соочат со законски предвидените глоби, соопштија од Битолската полиција. 

Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените акциски контроли во сообраќајот и во наредниот период. Од СВР Битола апелираат до возачите секогаш да им даваат првенство на пешаците, а пешаците исто така да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
На 25.04.2022 во времето од 14 - 20 часот полициски службеници од СВР Битола спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, на територија на СВР Битола, при што санкционирани се 115 возачи. 33 санкции се изречени на територија на Битола, 27 санкции на територија на Прилеп,  40 на  територијата на Ресен,  6 санкции на територија на Демир Хисар, 7 во Македонски Брод и 2 Крушево. 
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

На 02.03.2022, полициски службеници од ОВР Демир Хисар го лишиле од слобода А.Т (49) од Демир Хисар затоа што во кругот на ЈЗУ „Психијатриска болница-Демир Хисар“ физички го нападнал судскиот доставувач С.Н.(64) од с.Стругово, демирхисарско, кој му доставувал судска покана. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од СВР. 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани