2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

АД ЕСМ транспарентно и отчетно ја информираше јавноста за распределбата на средствата за енергетската и топлинската криза

Април 02, 2022

АД ЕСМ даде исцрпен извештај пред јавноста за менаџирањето на кризата со електрична и топлинска енергија и за тоа како се распределија средствата од државниот буџет наменети за надминување на кризата. АД ЕСМ обезбеди детални податоци за институциите, медиумите и пошироката јавност со цел да се даде увид во начинот на кој Р. Северна Македонија ја управуваше кризата во последните 7 месеци кога почнаа првите покачувања на цените на енергенсите и нивата отежната испорака.

ЕСМ ги вложи сите свои капацитети на човечки ресурси, знаење, менаџирање и оптимизација на работата се со цел да ги исполни доделените обврски од Владата на Р.Северна Македонија за надминување на енергетската криза во државата.

Покрај основната дејност и обврска согласно законот за оваа година за снабдување на ЕВН Хоум со електрична енергија во количина од 60% од потребите на домаќинствата, ЕСМ беше задолжен да обезбеди и менаџира уште 6 други енергетски продукти на пазарот.

  • 100% снабдување на ЕВН Хоум за домаќинствата и малите потрошувачи
  • снабдување на електрична енергија за системските загуби во мрежа на ЕВН Електродистирбуција
  • снабдување на електрична енергија за системските загуби во мрежа на МЕПСО
  • активирање на ТЕЦ Неготино
  • интегрирање на ТЕ-ТО во системот
  • управување со БЕГ и Скопје Север поради топлинската криза

АД ЕСМ прави реструктурирање во системот на работа на електраните и се подготвува за нови предизвици кои би произлегле од енергетската криза и од се уште турбулентите случувања во европскиот и светскиот енергетски сектор, како и навремено подготвување за потребите за следната грејна сезона.

АД ЕСМ и во иднина ќе продолжи на отчетен и транспарентен начин да ја информира не само Владата на Р. Северна Македонија, туку и целокупната јавност за сите намени и распределби на средствата кои би се доделиле на ЕСМ за потреби на менаџирање на кризи со енергија и субвенционирање на граѓаните за енергетските потреби.

АД Елекстрани на Северна Македонија

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани