АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Иван Стефановски, средношколец од Битола настапи свирејќи класична музика на електрично пијано на музичко- поетскиот настан посветен на утрешниот Ден за свесност за аутизмот, во Средното општинско училиште „Таки Даскало“ во Битола. Присутните уживаа во неговата изведба и го наградија со аплауз.
Учи за графички уредник-дизајнер, но од мал покажува особен интертес за музиката. Научил да свири пијано, а посетува и часови по пеење. Под менторство на професорот по музичка уметност Христијан Петковиќ , го одржал првиот концерт на забавна музика, а настапувал и на музички настани организирани од Музичкото училиште во Битола и невладини организации. Натапил и на фестивалот Art in experience во Охрид во 2019 година.
„Има завршено Нижо музичко училиште и доста долго се занимава со музика, свири пијано, гитара и доста е музички надарен“, рече психологот Рената Димановска.
На настанот во „Таки Даскало“ беа прочитани и наградени литературни творби на учениците на тема „Отворен свет за сите“. Имаше и ликовен конкурс на кој учествуваа ученици со аутизам.
„Секој ден треба да ни биде обоен во сино, и не само во сино туку во сите бои зашто нашето општество се состои од богатство од различности и секој ден доколку сакаме да изградиме инклузивно општество треба да придонесуваме со нашите постапки“, рече кооринаторката на училишниот инклузивен тим, психологот Марија Младеновска-Димитровска.
-Имаме седум деца со аутизам во графичките паралелки. Се надевам дека добро се снаоѓаме за почеток, но во иднина тоа треба да се продлабочува и да се зголемува интересот за инклузијата во образованието-рече Грујовски, директор на училиштето.