АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
„Веројатно една од причините за која треба гласно да говори Битола е токму патниот правец од Скопје до Битола што навистина е ѓаволски тешка работа. Се сеќавам на бројни министери за транспорт и врски кои најчесто доаѓаат од Прилеп и Битола, но патната инфраструктура е таква како што е. Наместо тишина и молк, да ги потсетувате вашите министри во Владата за враќање на препознатливите белези на Битола како конзулски, универистетски град, град на културата, гласно да говориме да се врати Копанки , Пелистер. Вие од Битола и ние од Скопје кога имаме загаден воздух заедно да се најдеме на Пелистер“, рече проректорот Марјан Ѓуровски од Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола.
Тој денес го прогласи за отворен традиционалниот ораторски настан ,,УКЛО Тривиум" во организација на Универзитетското студентско собрание на кого настапија 10 оратори од факултетите при Битолскиот универзитет.
„Меѓу вас има идни инженери, ветеринари, медицински сестри, правници, но верувам дека преку говорништвото ќе имаме и идни политичари и лидери. Да не бидете дел од масата, да не ја следите масата, туку да бидете чело на неа и да го предводите новото време. Да бидете авангардата на Битола, на Преспанско-пелагонискиот крај. Не треба да шепотите, не треба тишината, ова бледило што со децении го опфаќа градот Битола да ве опфати, туку вие треба уште погласно, заедно меѓусебе да си помогнете. Не преку ЕРАЗМУС програмите и другите можности да ги искористувате за да се иселувате од Битола зашто ако вака продолжи работата ќе биде град на духови, старци на невработени“, додаде Ѓуровски.
Ж.З.