2win800x200

Киоскот кај Џамијата е од времен карактер и ќе остане 20 дена на таа локација информираат од Општина Битола

Јули 30, 2022

Објектот кој деновиве никнува во близина на плпштадот Магнолија зад џамијата е од времен карактер, поставен е на барање на приватна фирма за промоција на електронски цигари на  Филип Морис Интернешнл и ќе остане на оваа локација 20 дена, одговорија  за апла.мк од Општина Битола по интетрсот на наши читатели. 

"Станува збор за изнајмување на просторот од страна на приватна фирма, со поставување на времен објект за промоција на IQOS – електронски цигари. Објектот е поставен согласно Програмата за поставување на урбана опрема и на таа локација ќе биде 20 дена. Со цел промоција на производот, вакви објекти претходно од страна на фирмата беа поставени во Охрид, Дојран и други градови, велат од Општина Битола и до нашиот портал испратија фотографија како ќе изгледа објектот

received 596304835175554

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани