Бенефитот од пречистителната станица е огромен. Со години наназад имаме проблем со загадување на водите на петти канала и загадување на реката Драгор. Со овој проект комплетно ќе с е прифатата сите отпадни води на град Битола, односно според нашите анализи 99 насто. Петти канал ќе биде чист канал од каде водата граѓаните ќе можат да ја користат за наводнување, а исто така, загадувањето на реката Драгор ќе се сведе на минимум , со што ќе се намали загадувањето на Црна река, каде најголем причинител за загадувањето е реката Драгор, изјави Методи Силјановски, директор на ЈП „Нискоградба“ од Битола.








