2win800x200

Фатен арамијата кој украл метални делови од фонтаната кај Филип Втори и канделабри од Шеталиштето

Февруари 08, 2023

Денеска (08.02.2023), полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола и Полициската станица од општа надлежност Битола го лишиле од слобода Д.О.(37) од Битола. Тој се сомничи дека на подрачјето на Битола извршил две тешки кражби, при што одзел повеќе предмети. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривичните дела. Имал украдено метални делови, појачало и звучници од фонтаната  кај споменикот Филип Втори и канделабри од Шеталиштето. 

Одземените предмети се општински и же ѝ бидат вратени на Општина Битола.

Лицето било задржано во полициска станица.  По целосно расчистување  и документирање на случаите, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани