АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Многу од корисниците на македонски Телеком утринава имаа проблем со користеењето на услугите на оваа мрежа. Како што соопштија од „Телеком“ се работи на надминување на ситуацијата.
„Во моментов се соочуваме со технички пречки, поради оштетени кабли на различни локации, предизвикани од градежни работи на трети страни. Нашите тимови интензивно работат на терен. Се извинуваме за непријатностите“, соопштија од Телеком на нивната официјална страница на социјалните мрежи.