АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
ЗОРАН ИВАНОВ
Утре уставна собраниска седница во амбиент на наметната дилема: „Бугарите во уставот да или не“, а всушност вистинското рационално прашање за пратениците е дали државава да ги отвори ЕУ преговорите или не, прашање кое, појаснето во една реченица, се сведува на фактот дека во случајов „Бугарите во уставот“ е само онаа нужна алатка земјава во ноември, заедно со сите земји членки на ЕУ, да ја одржи втората меѓувладина конференција што на Македонија ѝ отвора пат конечно интегративно и реформски да зачекори или пак, во спротивно, и натаму да си остане насамо билатерално да се препелка со децениски идентитетски негаторската бугарска политика која трие раце да се случи второво, па оттука и прашањето за пратениците: ќе застанат зад дефокусот „Бугарите во уставот“ или зад фокусот „Македонските преговори со ЕУ“, или, преведено на партиските вокабулари, ќе застанат ли зад својата партија или зад својата држава?