2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

НОВА ПУБЛИКАЦИЈА НА ИМА: МЕДИУМИТЕ И КАМПАЊИТЕ СО ДЕЗИНФОРМАЦИИ И ГОВОР НА ОМРАЗА ПРОТИВ РОДОВА И СЕКСУАЛНА ЕДНАКВОСТ

Август 23, 2023

Институтот за медиуми и аналитика ИМА ги следи внимателно медиумските настани и кампањи кои се обидуваа да ги дискредитираат концептите на родова еднаквост, родов идентитет и род, како и говорот на омраза во медиумите пред и по одржувањето на „Парадите на гордоста“ во 2022 и 2023 година.

Како дел од активностите поврзани со оваа тема е и оваа публикација, како и панел-дискусијата на ИМА: „Медиумите и кампањите со дезинформации и говор на омраза против родова и сексуална еднаквост“, на која зборуваа Драгана Дрндаревска (Коалиција Маргини), Кире Василев, (Дијалог – Центар за делиберативна демократија), Давид Тасевски (Скопски квир центар), Вики Младенова (докторантка на меѓународни студии на Универзитетот за ориенталистика во Неапол) и Жарко Трајаноски (раководител на истражувања во Институтот за медиуми и аналитика ИМА).

Учесниците на дискусијата, воедно и автори на анализите и текстовите во оваа публикација, ги изнесоа нивните согледувања за кампањите со дезинформации и говор на омраза против родова и сексуална еднаквост, но и за односот на медиумите кон овие кампањи, како и одговорноста што ја имаат медиумите во борбата против говорот на омраза и дезинформациите.

Во првиот дел од оваа публикација се резимирани клучните поенти на учесниците на панел-дискусија на ИМА, одржана на 29.06.2023 во Скопје.

Во вториот дел од публикацијата се објавени авторски трудови кои произлегуваат од излагањата на учесниците на панел-дискусијата, како и од медиумскиот мониторинг и истражување на медиумската и јавната комуникација во која се користи говор на омраза и дезинформации против родовата и сексуална еднаквост.

Публикацијата може да се преземе на следниот линк:

Публикација на ИМА – Медиумите и кампањите со дезинформации и говор на омраза против родова и сексуална еднаквост

Извор smk.mk 

Линк https://smk.mk/

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани