2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Објавена е првата публикација од активностите на Демирхисарската летна школа

Јули 29, 2018

Од актвностите на Демирхисарската летна школа во 2017 година, деновиве  излезе првата публикација од едицијата на посебни изданија на манастирот Св. Јован Претеча во Слепче. Станува збор за книгата “Мислејќи ги Илинденците. Нивниот топос денес –регионот и историографијата низ современиот спектар“ чиј автор е Ивана Хаџиевска, дипломиран историчар.

-Оваа книшка, претставува еден оглед-обид за соочување на илинденските митографски простори со постколонијалната реалност на 20-ти век, за потребата од современ спекулум при проучувањето на секојдневието на луѓето од „илиндескиот период“, сместени во географско-климатската специфичност на Демирхисарскиот регион, вели меѓу другото авторката Ивана Хаџиевска.

-За издавачот, организаторите и програмско-научните соработници на Демирхисарската летна школа, оваа публикација има посебно значење, бидејќи целосно ги афирмира основните концепциски и програмски заложби на учесниците да им се овозможи една поинаква форма на научна комуникација, непосредна и интерактивна, остварена низ теренска и практична настава и усвојување на нови научни сознанија, како за Демирхисарскот регион, така и пошироко за политичката и културната историја на Македонија, напиша во предговорот на книгата д-р Сашо Цветковски, координатор на Демирхисарската летна школа.

Ивана Хаџиевска e родена во Битола, дипломирала на Филозофскиот факултет во Скопје (Институт за историја), со развиен интерес и извршени истражувања на теми во рангот на родовата историја, социјална историја, пост-колонијални движења, биополитика. Се обидува да го поврзе истражувачкиот интерес со инклузивно образование и локален активизам. Автор е на серија статии на pirej.mk .

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани