„Таму ле, мајко, близу Битола“ е народна песна напишана од Ајри Демировски, во која се опева смртта на народната хероина Елпида Караманди.
Токму тие зборови покрај ликот на храбрата Елпида Караманди како мурал ќе го красат истоименото основно училиште во Битола.
Нејзината храброст и желба за слобода, учеството во НОБ како смела девојка беа доволен мотив за уметничките Ленче К.Јагоридовска и Дијана Колонџоска од Битола.
Овај мурал е дел од проект на Министерството за култура, и како сите останати ќе претставува естетски брош и траен уметнички белег, објави министрката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска.













