АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Градоначалничката Наташа Петровска најави дека Општина Битола ќе отвори официјален канал на јутјуб за пренос на седниците на Советот на Општина Битола.
Советникот од опозицијата Николче Јанкуловски во неколку наврати побара од Советот и градоначалничката Петровска транспарентен и целосен пренос на седниците на Совет.
-Упорно не го распишувате тендерот за ТВ пренос на седниците од Совет и веќе десет месеци ја тегните работата. Во недостиг на локални медиуми ние дискутираме за важно прашање, ребаланс на буџетот на Општина Битола, рече советникот на ПОДЕМ, Јанкуловски.
На ова Петровска на последната седница на Совет одговори дека и во минатото како советник, и сега од позиција на градоначалник, ја почитувала и се залагала за јавност на седниците, за што веќе се планирани и средства во буџетот на Општината.
-Тоа што се бараше формата како да биде регулирано, притоа да не и се даде ексклузивитет на никоја телевизиска куќа, го задржувам како право дека се уште треба да се движиме во таа насока.
Општина Битола ќе набави техника со камера и изнајмување на канал на јутјуб на којшто јавно ќе одат седниците, меѓудругото ќе биде гледано и грицкањето на семки од страна на некои советници коишто сега ни зборуваат за дигнитетот на Советот и како треба да се функционира во рамките на овој Совет, рече градоначалничката Петровска.