АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Синоќа во битолската „Порта Џез“ започна серијата предавања од иницитивата за афимирање на женското претприемништво под насловот Womenpreneurs Stories, во организација на Преда плус фондацијата како дел од Employoth Универзитетската пилот програма за стартапи во Пелагонискиот регион, под сега популарното име “И од Битола се може”.
Женското претприемништво е значајно, затоа што и покрај бројните примери на жени кои успешно управуваат во најголемите светски компании, особено во тешки економски прилики, нивниот удел во вкупниот збир на висок менаџмент е прилично скромен.
Ова се заклучоци на глобално ниво, додека Балканот е реално на маргините, што тој скромен удел го сведува на удел на жената во трагови. Оваа иницијатива цели кон славењето на малкуте инспиративните жени во бизнисот споделувајќи ги нивните приказни.
Синоќа пред бројната публика главно составена од жени, ги раскажаа своите приказни на успеси, но и падови Нина Николиќ, проектен координатор на проектот за поддршка и развој на претприемништво од Швајцарска Амбасада – SwissEP, Јасмина Антиќ Атанасовски-родена во Скопје, но одлучува со своето семејство да се пресели во Битола и тука започнува два бизниси и истовремено е ангажирана во ИТ комапнијата „Интерворкс“ во одделот за човечки ресурси, Ивана Станковиќ менаџер за инвестиции за South Central Ventures во канцеларијата во Скопје и Маријана Милевска директорка на ПРЕДА Плус, Фондацијата за одржлив економски развој која е активна во имплементација на инцијативи и модели за локален и регионален економски развој.
Ваквите средби имаат за цел да ги истакнат успешните искуства на тој мал број жени.
Проектот е финансиран од ЕУ преку Интеррег програмата за прекугранична соработка со Грција.