2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Битолскиот универзитет ќе бира нов ректор, а актуелниот размислува за втор мандат

Април 23, 2019

Вчера на Универзитетскиот сенат беа донесени одлуки кои значат почнување на постапка за ректор. Според законското решение новиот ректор на Битолскиот универзитет „Св. Климент Охридски“  ќе се избира на непосредни, тајни и демократски избори.

-Наскоро ќе биде објавен јавен оглас на кој сите можат да се пријават, формирана е универзитетска изборна комисија која ќе ги спроведе изборите, велат од Битолскиот универзитет.

Ректорот Сашо Коруновски признава дека и тој размислува да се пријави на огласот за втор мандат.

 

Универзитетот деновиве слави 40 години постоење.

По тој повед објавена е книга „Нашите 40 години“  во која се сублимирани сите успеси на единиците на Универзитетот. Во четврток ќе се одржи свечена академија со концерт на Влатко Стефановски. 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани