АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Јавното претпријатие "Стрежево" и Техничкиот Факултет од Битола потпишаа Меморандум за соработка.
Предмет на овој Меморандум за соработка е долгорочна научна, техничка, образовна и апликативна соработка помеѓу двете институции. Јавното претпријатие „Стрежево“ и Техничкиот факутет (членка на Универзитетот „Св Климент Охридски“) договорија форма на долгорочна соработка која ќе се остварува на еден од следните начини:
-заеднички проекти од истражувачки, развоен и научен карактер
-соработка со едукативни процеси
-организирање и реализација на практична настава за студенти од Техничкиот факултет
-консултации и ескпертизи и др. форми на соработка.