2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Кирацовски: Ниту знаев дека Боки 13 рекетира

Септември 05, 2019

Апсолутно не знаев дека Боки 13 врши рекет, ниту се препознавам под псевдонимот  „Кики“. Мислам дека помогнав на некој начин истрагата да заземе правилен тек, изјави пратеникот на СДСМ, Александар Кирацовски по двочасовното давање исказ пред обвинителката Вилма Рускоска за случајот „Рекет“.

 

Кирацовски пред новинарите кажа дека денеска ја извршил својата граѓанска должност и како лице од кое се барале посебни информации бил во Јавното обвинителство, ги споделил сите информации за одредени настани со кои тој располага и се надева дека од денес ќе завршат лажните вести, манипулациите и инсинуациите кои, според него, нанесоа одредена штета на самата истрага.

„Нормално одведоа и во друг правец и нанесоа штета на недолжни луѓе. Се надевам дека од денес ќе преовладуваат само фактите, аргументите и она што е вистината.

Не можете предолго да ги криете ниту сонцето, ниту месечината, ниту вистината и од денес сите тие моменти кои значеа штета врз одредени личности се надевам дека ќе запрат. Процесот верувам дека ќе биде транспарентен, правичен и реален како и досега и дека сите што се огрешиле од законот ќе одговараат“, изјави Кирацовски. 

Тој рече дека се смета за апсолутно недолжен и дека ниту е член ниту од него било побарано да стане члена на Меѓународниот сојуз.

„Мислам дека помогнав на некој начин истрагата да заземе правилен тек, јас морам да признаам иако сега не знам дали смеам сите тие детали да ги кажам, бев повикан само за еден мал сегмент. Ова со Катица, Камчев, Кичеец нема никаква врска со мене. Тоа не се дискутираше денеска, ниту ги знам ниту ги познавам, ниту сакам да ги запознаам“, изјави Кирацовски.

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани