2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

РОСИ ДЕ ПАЛМА ВИКЕНДОВ ДОАЃА ВО БИТОЛСКАТА БОЛНИЦА ДА СНИМА ФИЛМ

Септември 04, 2019

Битолската Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“ стана болница „Свети Андре“ во филмот „Сирена во Париз“, во режија на Матијас Малзју, кој од денес почна да се снима во оваа здравствена установа во Битола. За потребите на филмот кој е белгиско-француско-македонска копродукција поставен e и натпис со новото име. Денес се снимаше во толаетите, собата за реанимација, ходниците, а следните денови во лобито, чекалниците и на паркингот.

 

Големо изненадување за битолчани е тоа што во недела на снимање во Клиничката болница доаѓа и шпанската актерка Роси де Палма, муза на славниот шпански режисер Педро Алмодовар. Според распоредот на снимање, таа ќе глуми во филмот и следниот ден, а од филмската екипа велат дека можно е три дена да остане во Битола. На снимањето во Битола учествуваат актерите Лабина Митевска, која е на распоредот за снимање уште од денес, па Роман Бохрингер, Алексис Михалик, Никола Авине, Лара Бејер и други.

На снимањето во Битола не доаѓа францускиот актер и поранешен фудбалер на Манчестер јунајтед Ерик Кантона, кој ќе се појави само на снимањето во Скопје.

„Во Клиничката болница во Битола ќе се снима шест дена, од денес до понеделник. Ќе се снима низ оделенијата и пред болницата. Одлуката падна филмот да се снима во оваа установа поради коректноста на менаџерскиот тим и на вработениот персонал. Ги поминавме скоро сите болници во земјава, но одлуката падна да биде тука снимањето. Француските филмаџии лани имаа многу позитивно искуство со снимање филм во земјава и затоа повторно се вратија, задоволни се од соработката со локалниот сервис“, рече Вања Георгиевски, локален менаџер за локации.

И покрај снимањето на филмот, работата во Болницата се одвива нормално и нема никакви проблеми при режимот на влегување.

Дејството на филмот се случува во Париз. Поради обилните врнежи се случуваат големи поплави на Сена и мистериозни исчезнувања. Една ноќ Гаспар Снег, меланхоличен музичар, е привлечен од волшебен глас на ранета, но убава млада сирена. Решен да ја спаси, Гаспар не знае дека ќе започне со големи авантури, кои преку моќта на љубовта и музиката, може да го поправат неговото скршено срце.

Ќе се снима и во студио во Скопје каде е направен брод на кого ќе бидат сирената и морнарите. Потоа филмаџиите ќе се префрлат во Франција. Продуцент од македонска страна е „Сестри и брат Митевски“.

 Извор СКД.МК https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/muzata-na-almodovar-rosi-de-palma-vikendov-ke-snima-film-vo-bitola/

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани