Милевски со силни пораки за Битола на трибината „Размислувај различно“

Ноември 24, 2019

Горан Милевски лидерот на Либерално-демократската партија на Македонија во Битола на денешната трибина „Размислувај различно-либерално кон Европа“ упати силни пораки за Битола отворајќи ги проблемите кои го тиштат  градот при тоа нудејќи и решенија како партија и од позиција на министер за локална самоуправа.

Загадениот воздух

 

-Да се подобри животниот стандард и да се подобри екологијата, да го решиме овој горчлив проблем што не тишти сите нас. Затоа како партија ќе побараме прво поглавје кое што треба да се отвори со Европската Унија да биде екологија, за да се отворат фондовите за екологија за државата.  Ние да ги дочекаме спремни со готови проекти и да знаеме каде да ги инвестираме.

Веќе слушаме и во Охрид, и во Битола и во Скопје е згаден воздухот. Треба да ги детектираме проблемите зошто е загадан воздухот во Битола и да бараме соодветни решенија. Но тоа требаше да го направиме од вчера, а не да чекаме утре. Значи доцниме.

Ако во Битола е проблем затоплувањето или РЕК-Битола, ајде да понудиме решенија. Да видиме дали РЕК- може да функционира на природен гас. Па ќе речеме чекај некој да не остани без работа. Никој од ЛДП не сака да ги избрака тие луѓе од работа, туку дајте да го видиме начинот, постепено да го промениме начинот на греење и да се најде соодветно решение, или тие луѓе да останат на работи или со зголемени средства да им се најде место во приватниот сектор.

Топлификација

-Не може толку голем град да нема јавно претпријатие за Топлификација. Не може да се грееме во становите на дрва, некои на јаглен, и сето тоа да го премолчуваме. Се залагаме оние средства кои што од ЕЛЕМ идат за поддршка на екологијата во Битола, Могила и Новаци да се искористат да се субвенционира ова јавно претпријатие  ова јавно претпријатие со цел да добиеме поефтина струја  за затоплување. Оној дел од градот којшто може да се топлифицира , другиот дел да се гасифицира а третиот дел  од градот каде не ке може да се смести овој систем да се користат инвертер клими. И на тој начин ќе го решиме тој горчлив проблем за граѓаните, загадувањето што доаѓа од домаќинствата, а сите ние ќе добиеме почист воздух. Но тоа треба некој да го потегни за да работи. Парите не се за да седат во буџетот, туку да се инвестираат кај граѓаните. Со креативност и идеи можиме да решиме  многу проблеми.

Јавен превоз

-Можеме да го решиме и проблемот со јавниот превоз , да се стимулираат или да поддржат финансиски јавните превозници  наместо на нафта да се направат системи кои што нема да загадуваат. Да се стимулираат и таксистите наместо нафта да користат природен гас , метан или нешто што ќе го намали загадувањето.

Копанки

-Во однос на Копанки премногу молчиме како град и како институција. Неколку луѓе кои себеси се прикажуваат како планинари си ги приватизираа и Копанки и ски стазата и планинарските домови на Големо Езеро. Значи ја приватизираа целата планина и сите ние како граѓани молчиме. Како тие луѓе од право на користење го преименувале во право на сопственост  и си ја приватизирале планината. И горе работат бизнис , носат туристи, работат на грбот на граѓаните и сите ние молчиме. Пошто ние од ЛДП сме најгласни, јас сум најгласен нивниот аргумент е „Горан Милевски сака да си го земе Копанки за него“ . Зошто ми е мене Копанки. Нашата заложба е Копанки и се што е горе да биде под Општина Битола и да им овозможи на вистинските планинари да го користат и да се реновираат тие објекти. И Општината како таква мора да инвестира и да вложи средства за да ги подобри тие капацитети.

Базен

-Се даде предлог парите кои се од регионален развој да се инвестираат во Битола да се направи затворен базен. Тие пари не ја покриваат целосната финансиска конструкција , но тие што се 650 илјади евра да се инвестираат. Директорот од ЕЛЕМ излезе во пресрет и рече и јас ќе дадам толку да се направи овој капитален објект во Битола. Но, проблем излегува дека е локален и дека општината нема проект за базен. Триесет години сме град и сме немале проект. И сега после 30 години  од општина кажуваат дека немало проект. Како не им било срам на сите тие градоначалници што биле да не направат проекти за утре кога ќе се создадат  можности некој да ги направи тие проекти. Е како можам сега јас како министер да помогнам кога некој парите или  не ги сака или нема проекти за да се инвестира.

74431009 276690233269734 2978765561594380288 n

    А.Б

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани