Да им помогнеме на здравствените работници во справувањето со корона кризата со тоа што ќе е однесуваме одговорно и ќе ги почитуваме препораките, порача Бисера Костадиновска, кандидат за пратеник од петтата изборна единица од Коалицијата на СДСМ.
,,Секој од нас е подеднакво одговорен за справување со кризата со КОВИД-19. За да ја одржиме епидемијата под контрола и за да го заштитиме нашето и здравјето на нашите најмили, да одржуваме физичка и социјална дистанца, да не се групираме, да носиме заштитна опрема секогаш на затворено и секогаш на отворено кога не е возможно да ја одржиме дистанцата, редовно да вршиме дезинфекција и редовно да миеме раце. Бројките се факти а фактите покажуваат дека бројот на оздравени пациенти е значително поголем од ден во ден а бројот на активни случаи се намалува. И се тоа поради навременото и професионално делување на нашите здравствени работници", порача Костадиновска.
Таа нагласи дека овој вирус не смее и не треба да подразбира крах на општеството, економијата, и слободното движење на граѓаните.
,,Потребни се избори заради здравјето на граѓаните, економијата, функционални институции и новата нормалност. На денот на гласањето, да се однесуваме одговорно и да ги почитуваме препораките! Изборите дополнително ќе ни помогнат да ја ставиме под контрола оваа ситуација и секоја следна која може да се случи", рече Костадиновска на денешната прес конференција.