АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Киното „Манаки“ може да се додели на користење на фестивалот „Браќа Манаки“ , на националната Кинотека која во соработка со општината може да развива форми на презентација на културното наследство.
А Офицерскиот дом може да се даде на користење ан приватни субјекти во културата. Ова се предлозите објавени на фејсбук профилот на Игор Дурловски , носител на пратеничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во петтата изборна единица во врска со иднината на овие два објекти од културата.
Дурловски, пишува дека и како битолчанец и како уметник е заинтересиран што ќе се случува со овие зданија на културата, при тоа посочувајќи дека нивниот опстанок не подразбира дека е неопходно и да се основа нова локална установа која граѓаните ќе ја плаќаат од сопствениот џеб, туку треба да се следат современите трендови.
Офицерскиот дом, партијата чиј носител на листа сега е Дурловски, пред неколку години го објави на продажба, а потоа ја отповика одлуката соочена со протестите на битолчани, па домот за владеењето на партијата остана руина. Дурловски сега предлага: „ Треба идеи, треба желба и очигледно треба да се оттргнат тесноградите партиски интереси. Офицерскиот дом во Битола е заштитен како културно наследство и несомнено, истиот треба да се стави во функција на културата. Треба да се следат современите трендови и ваквите објекти да се доделат на користење на приватни субјекти во културата“.
За Киното „Манаки“ пишува дека „може да му се додели на користење на Фестивалот на филмската камера ‘Брака Манаки’, на националната кинотека која во соработка со општината може да развива најразлични форми на презентација на нашето аудиовизуелно наследство...Многу можности, но кој да се сети? Наспроти тоа, го имаме на маса предлогот на општината во кој главен акцент е ставен на формирањето на нова јавна установа“.
Фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“ се одржува во Битола, но организација е на Друштвото на флмски работници чие седиште е во Скопје, а и Кинотеката на Македонија е со седиште во Скопје. Битолчани во изминатите години имаа организирано протести кога некои од организаторите се обидоа Фестивалот да го префрлат во Скопје.