Webp.net gifmaker

Опаѓа бројот на новозаболени, како и вредноста на факторот на преносливост на вирусот, анализира професорот Трајковски

Август 07, 2020

Математичко-статистичките анализи на универзитетскиот професор д-р Дејан Трајковски, покажуваат дека деновиве опаѓа бројот на новозаболени од КОВИД-19 во земјава, а опаѓа и просечната вредност на факторот на преносливост на вирусот. Еве ја неговата денешна анализа

 

"Привремено или не, надолниот тренд за дневниот број на новодијагностицирани продолжува да опаѓа. Се чини дека максимумот (зелената линија на вториот дијаграм) бил околу 9 јули, од кога полека ама сигурно просечната дневна промена се спушта надолу. Така покажува и црвената линија, линијата на експоненцијалната регресија која е надолна. Значи, во фаза сме на експоненцијално опаѓање, што е обратно од експоненцијалниот раст. 

 

FB IMG 1596826215711

Просечната вредност на базичниот репродукционен број R0 веќе 5 дена е под единица (иако денеска бележи мал раст), што го потврдува смирувањето на епидемијата (на третиот дијаграм). Всушност, освен едно мало поткачување над единица околу 29 јули, R0 е помало од единица уште од 20 јули. Средината на летото и високите температури вршат добра работа, а до кога - не се знае. 
FB IMG 1596826205726
 
Високите температури сé уште покажуваат влијание (иако сé помало и помало) и врз намалувањето на стапката на смртност, чиј 7-дневен просек моментално изнесува 4,96% - апсолутен минимум од почетокот на епидемијата.
 
FB IMG 1596826223255
Благодарение на намалените дневни бројки, под услов да продолжи ова темпо на намалување, до спорадични дневни случаи би дошле после 431 дена, барем така велат пресметките, а до тогаш би имале уште 10.591 нов случај. Ова го гледаме на четвртиот, пита дијаграм, којшто не сме го виделе многу долго време и претставува своевиден „прогрес индикатор“ на епидемијата.
 
FB IMG 1596826230004
Далеку е Сонцето, нé чека уште долг пат, а ни претстојат и есенските и зимските денови, па ваквите долгорочни пресметки треба да се земат со голема резерва", пишува проф. д-р Дејан Трајковски од Техничкиот факултет во Битола
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2020 АПЛА.мк. Сите права се задржани