АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Вработените од ЈП "Стрежево" - Битола го одбележувaa Светскиот ден на чистењето со акција за чистење на акумулацијата Стрежево, која обезбедува вода за пиење и технолошка вода на општините Битола, Новаци и Могила. Акцијата се спроведе во соработка со Здружението „Go Green“.
Со акцијата дадовме свој придонес на најпозитивното граѓанско движење во светот, во борба против најзагрижувачкиот проблем во животната средина. Заклучокот е заеднички, сите да се вложиме максимално и да се вклучиме во зајакнувањето на граѓанската совест, како и пријавување на загадувачите на животната средина. Апелираме до граѓаните, поединците, институциите дека мора да се почитува животната околина како и сите заедно да развиеме механизми за поддршка на граѓаните, општините и други засегнати групи за подобро и полесно да се справат со неорганизираното и незаконско фрлање на отпад“, рече директорот Менде Граматковски.
Вработените во претпријатието денес беа само дел од огромниот број на волонтери и активисти во светски рамки, кои се здружија да исчистат милиони тони ѓубре, на сите континенти.