2win800x200

Апел на Филипче: Претстојните празници и слави да ги прославиме само со најблиските

Ноември 08, 2020

Министерот за здравство, Венко Филипче, апелира празниците и славите кои доаѓаат, да ги прославиме во кругот на семејството

-Славите и празниците кои се пред нас, оваа година да ги прославиме само со најблиските. Следниве неколку месеци се најинтензивни во ширењето на ковид-19. Токму поради тоа, потребна е нашата максимална одговорност за сопственото здравје, но и грижа за здравјето на нашите најблиски. Во наредниот период, да не се групираме по домовите и да си помогнеме сите заедно побрзо да излеземе од корона кризата. Сега е потребно да ги почитуваме мерките за заштита, а наредната година ќе прославиме согласно традицијата. Помогнете ни, за сите нас, напиша министерот на ФБ

Инаку бројките на заболени од КОВИД-19 драматично растата. Вчера во државата беа реагистрирани 1285 позитивни случаи, од кои 57 во Битола

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани