АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Министерот за здравство, Венко Филипче денеска при посетата на Клиниката за гинекологија и акушерство изрази благодарност до граѓаните за довербата во институциите, за нивното трпение и за почитувањето на превентивните мерки.
„Оваа година беше година во која здравствените работници покажаа како се работи професионално и посветено. Сите пациенти заболени од Ковид-19 беа навремено згрижени и тестирани и се надевам ќе продолжи трендот на намалување на пациенти во болниците“, рече Филипче.