2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

ГОЛЕМ ДЕЛ ОД РИДОТ НАД БИТОЛА СЕ РУШИ, РЕЧЕ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОВЕТОТ ВАЛЕНТИН ГРУЕВСКИ

Февруари 19, 2018

Голем дел од ридот над Битола се руши, паѓа и во вакви услови е опасно да се пушти во употреба обиколницата, рече Валентин Груевски, претседател на Советот на Општина Битола на денешната седница на која се дискутираше за безбедноста во сообраќајот.

 

 „Цел рид паѓа во една огромна должина, не можам точно да кажам колку, но ридот паѓа, опасно е да се вози по обиколницата над која се издига ридот, посебно во ноќните часови. Поставувањето на семафор ќе биди во интерес ако работи барем едната лента. Но, во овој момент таму е небезбедно да се минува пеш, а камоли со возило, не помага никаков семафор. Обиколницата е небезбедна. Се додека не е безбедно ни министер за внатрешни работи, ни Агенција за патишта, никој нема да потпиши дека по таа обиколница може да се вози“, рече Груевски.

Ова е втора година како обиколницата е затворена за сообраќај, па и тешките товарни возила  кои транзитираат низ Битола мора да минуваат низ центарот на градот, што предизвикува дополнително загадување и ја намалува безбедноста во сообраќајот. Во тек е проширување на проектната документација за санација на одроните зашто неодамна се појави нова пукнатина. 

Ридот во изминатите години беше зафатен од силни пожари во кои изгоре шумата, па се појави ерозија. На одредена локација на ридот до април минатата година работеше и каменолом за ископ на гранит. Тој запре со работа бидејќи од Општина Битола не му беше издадена Б интегрирана еколошка дозвола, сепак сопствениците тврдеа дека ја имаат целокупната потребна документација и  дека нема да наштетат на животната средина.  

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани