2win800x200

Меѓународен вебинар и нова изложба на тактилни слики за слaбовидни и слепи лица во битолски Завод и музеј

Јануари 22, 2021

Завод и музеј од Битола го реализираше првиот меѓународен вебинар „Допир на уметноста"кој имаше за цел вклучување на слабовидите и слепите лица во музеите. Оваа интернт средба на едно место ги собра химаните културни работници кои подолго време работат да им ја доближат културата и уметноста на лицата кои не можат целосно да ја доловат преку сетилото за вид.

140456320 5293949690622780 9146643280715364511 n

Покрај раководителот на проектот д-р Ирена Ружин предавања одржаа: м-р Жељка Сушиќ, дипломиран .тифлолог, музејски советник,Хрватска на тема “Дај пет! Слепите лица и ликовната уметност“, м-р Милена Милошевиќ-Мициќ, историчар на уметност, музејски советник од Србија со излагање “Унапредување на пристапноста, искуствата на Роднокраен музеј Књажевац”, Татјана Мијатовиќ, инж. Архитект од Босна и Херцеговина со „Тактилните слики и модели-Нови технологии-нови можности“ и м-р Јове Парговски со тема “Унапредување на пристапноста за слабовиди и слепи лица, искуства во Н.У. Завод и музеј” Битола. Излагачите се членови на Балканската музејска група за пристапност (BMAG) при Балканска музејска мрежа (BMN)

Меѓународниот вебинар предизвика голем интерес, на кој се пријавија над 80 учесници. На крајот на вебинарот беше отворена и промовирана новата Тактилна изложба на НУ Завод и музеј Битола во Мала сала, која од денес може да се посети под утврдени протоколи заради специфичноста на изложбата, а за неколку дена ќе бидат промовирани нови видеа и аудио нарации за 10 експонати од музејската поставка.

„Предизвик за секој современ музеј е да се почитуваат човековите права, да ги отстрани физичките препреки, (проблем кај голем број музеи сместени во згради споменици на култура) но и да овозможи сензорно искуство, интелектуална пристапност, со еден збор- грижа за секоја публика. Музеите се за сите, односно мора да се работи на прилагодување на музеите кон публиката а не да очекуваме публиката да се прилагодува на музеите. Препреките ги прави човекот и околината. На сите препреки мора да се внимава пред подготвувањето на изложбите и поставките, иако може да се прават интервенции и подоцна. Најдобро да се употребува универзален дизајн. Не треба да не интересира индивидуалната попреченост или дијагноза туку да се насочиме на нашиот простор, програма, услуги и искуство кое можеме да го дадеме. Музеите ја имаат можноста да бидат двигатели во современото општество и да го менуваат животот на луѓето, односно да го подобруваат квалитетот на живеење“, рече Ружин.140627184 5293949673956115 2075874935558482717 n

                                                              

Инаку, на изложбата во Малата сала на секој панел од форекс со димензии 100 х70 см, се поставени тактилни слики, изработени на капсулна хартија на фузер, фотографии во боја од делата, текстови со опис на делата, како и текстови на Брајово писмо.

Текстовите со описи за експонатите ги подготвија кустосите од НУ Завод и музеј Битола и истите се прилагодени и разбирливи.

Н.У. Завод и музеј продолжува со доближивањето на движното наследство до лицата со попреченост и се декларира како музеј за сите.

„Н.У. Завод и музеј Битола, во моментов гостува со тактилна изложба во Тифлолошкиот музеј во Загреб, Хрватска на која се претставени експонати од постојаната поставка, преведена на хрватски јазик и хрватско брајово писмо. Наскоро, ќе ги промовираме новите видеа на знаковен јазик, со аудио нарации наменети за лица со попреченост. Пристап до аудијата и видеата на знаковен јазик ќе биде овозможен преку QR код и истите ќе се постават/ поврзат со веб страната на институцијата и YouTube каналот. Со овие проекти придонесуваме во подобрувањето на квалитетот на животот, на сите посетители, ние сме музеј за сите. Проектите се поддржани од Министерство за култура”, рече раководителот на проектите за пристапност д-р Ирена Ружин.

     139314237 5264547096896373 1957239805461201057 n                                                                     *

Дел од тимот, покрај Ружин, кој работеше на проектите се пристапност се и

Татјана Мијатович - експерт за изработка и подготовка на тактилни слики,

м-р Јове Парговски- подготовка за печатење на тактилни слики на фузер и управување со ИТ,

м-р Тесалија Жирова, тифлолог - дефектолог - изработка на текстови на Брајово писмо,

м-р Андријана Шокларовска - дефектолог - изработка на текстови на Брајово писмо,

м-р Милена Милошевич Мицич- експерт за изработка на тактилни слики,

Весна Софронеивска - консултант од Здружение на слепи лица,

Жељка Сушич- консултант за тактилни слики

Кустоси од Н.У. Завод и музеј Битола за текстови, описи на предметите:

Д-р Мери Стојанова, Владо Ѓорески, Слободан Стојкоски, Ефросинија Паревска, Енгин Насух, Аница Ѓоргиевска, Сашо Ивановски и Крсте Кочов- техничка поддршка, Горан Кочов- техничко опремување на тактилните слики на форекс

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани