2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Адвокатот на Петровска побара од Битолски проблеми да го објават и демантот за лажната вест за градоначалничката од декември

Јануари 29, 2021

По месец и половина фејсбук групата „Битолски проблеми“ чии администратори се советниците од Поинаку го објавија извинувањето или демантот на битолчанката која од 10 декември лани изнесе невистини за градоначалничката Наташа Петровска кога објави дека се испразнил цел спрат на Инфективното одделение за да лежи само таа. Објавата следуваше откако преку правен застапник на Петровска добија барање- како што го објавија постот со обвинувањата од член од нивната група, така според Законот за граѓанска одговорност за клевета и навреда , да го објават и извинувањето од истиот член.

Имено, адвокатот во барањето испратено до Габриела Илиевска и Иван Чулакоски пишува дека на 10 декември 2020 година на групата „Битолски проблеми“ на која тие се јавуваат како администратори, бил објавен текст од лицето Д.Џ. дека на Инфективното одделение се преместувале пациенти со ковид-19 со изговор дека се реновира, а всушност се ослободувал целиот спрат за да лежи сама градоначалничката на Битола што вели било срамота.

Следниот ден, пишува во барањето, ова исто лице објави текст на својот фб профил, во кој во целост се извинува за она што го напиша и дека е невистина. Адвокатот бара, како што се објавила првата вест на Битолски проблерми, така да се објави и демантот од личноста, кој претходно не го објавиле.

Дури денес на „Битолски проблеми“ беше објавено извинувањето од битолчанката која ја објави лажната вест. По ова следуваа коментари од администраторите. Чулакоски напиша „Нате , кажи му на адвокатот дека ти напишавме мејл да нѐ не тужи во меѓувреме ќе нѐ испотреси, свеста ќе ни ја земи“, по што следуваат знакчиња со емоиции за смеење. Илиевска пак, го повика друштвото со 12 000 членови „само убо да пишите за функционерите од власта, пишете само убај работи за да не се замарат со нас околу тужби, напишани од адвокат кој е платен од пари на општината( која е на сите Нас).Можи ако не им одземаме внимание ќе сработат нешто.“

На 10 декември битолчанката Д.Џ. на нејзиниот фб профил ја објави следната вест која беше пренесена и на „Битолски проблеми“: „Вчера вечер на Инфективното одделение во Битола беа преместувани пацинети болни од ковид 19 со изгорвор дека се реновира. Не се реновира! Го ослободија целиот спрат за да лежи градоначалничката на Битола Наташа Петровска, срамота“.

Следниот ден истата битолчанка објави дека се работело за лажна вест: „Се извинувам за статусот од синоќа во кој изнесов невистини за Градоначалничката Наташа Петровска, и предизвикав лавина од невкусни коментари од кои се згрозив самата! Немав никакви лоши намери, едноставно бев понесена од лажни информации! Уште еднаш и се извинувам на Градоначалничката и и посакувам што побрзо оправување!“

Истиот ден следуваше и реакција од Клиничката болница дека нема привилегирани пацинети.

„Одговорно тврдиме дека ниту еден пациент не добива посебен третман. Во Ковид центарот има соби со различен број на кревети во кои се сместени пациенти во зависност од нивната состојба. Секој пациент се третира еднакво и со истите достапни лекови од протоколите, од истиот персонал кој што работи во Ковид центарот. Во овие услови недозволиво е да се измислуваат приказни и да се користат имиња со цел добивање на поени од страна на формални и неформални групи, поединци, политички партии“, пишуваше во соопштението.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани