2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Пратеникот Александар Кирацовски рече дека ќе поднесе предлог закон до Собрание за преместување на седиштето на Правниот факултет во Битола

Март 02, 2018

„Правниот факултет во Битола претставува дисперзирана испостава на Правниот факултет со седиште во Кичево, каде што токму во седиштето имаме негативен тренд на запишување студенти. Од друга страна фактите и аргументите покажуваат позитивен тренд на запишување на студенти и квалитет во Битола. Исто така имаме и голем број институции, Основен и Апелационен суд, Основно и Вишо јавно обвинителство, 146 регистрирани адвокати и адвокатски друштва, 7 извршители и 13 нотари.

Имаме голем број институции, приватни комапнии, невладини организации кои дополнително можат да бидат дел од развојот на овој факултет и развој на студентите. Токму овие аргументи налагаат промена на седиштето на овој факултет, наместо во Кичево да биде во Битола со што ќе се зголеми атрактивноста од една страна, од друга страна преку низа други мерки и активности ќе се обезбеди долготрајност и одржливост на истиот“, рече Кирацовски.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани