2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Во Битола ќе има центар за масовна имунизација на жителите, рече Спиркоска

Април 17, 2021

 

Во текот на овој период се врши активна имунизација на населението во цела држава, а во тек се и подготовките за отворање на регионални центри за активна имунизација на населнието по региони. Еден од тие региони е и Битола каде ќе има регионален центар за масовна имунизација на жители од нашата општина и од околината. Важно е масовно да се изврши имунизација на насечението за да се вратиме во нормалниот тек на живеење, изјави Весна Спиркоска, директор на Здравствениот дом од Битола.  

„Чудни се деструктивните политики што ги води опозицијата во овој момент и не носат ништо други освен опозиционерско деструктивно однесување кон сите активности кон оваа Влада и Министерството за здравство. Често пати сум го поставувала прашањето што населдивме со нашето доаѓање на власт, што ќе се случеше доколу оваа пандемија со ковид-19 беше пред четири години? Со сигурност можам да тврдам дека во тој момент со големиот недостаток на медоцински кадар, со руинираните простории каде работеа медицинските работници ќе беше тешко да се сроведат вакви активности какви што сега спроведува Министерството за здравство„, рече Спиркоска.  

Таа потсети дека во овој временски период од четири години извешени се голем број вработувања на здравствени работници, пред се на доктори и нивно упатување на специјализации, исто така вработени се патронажни сестри, овозможен е волонтерески стаж од шетмесечна волонтерска пракса на доктори кои активно се вклучуваат во здравствениот систем во овие тешки моменти, исплатени се сите средства кои ги заслужуваат вработените во здравствениот сектор, што не беше случај пред четири години. Рече дека извршени се големи реконструкции благодарение на Министерството за здравство и влогот на министерот Филипче. Само во Здравствениот дом се реконструирани Службата за итна медицинска помош, комплетно со сосптвени средства на Домот, Одделот за советовалиште, Одделот за детска превентивна стоматологија, за школска медицина и еден куп други простории. Набавен е огромен број на медициска опрема за да се извршуваат квалитетно медицинските услуги. Додаде дека нема повеќе паралелен увоз на медикаменти како што се случуваше за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ. Нема ни потпишување на тендери зад затворени врати. 

„Вравотувањата ни овозможија да ги преземиме неопходните активности што ги налагаше пандемијата. Беа отворени пунктови за брзи тестирања со ковид тестови, кои се извршуваат редовно без никаков застој и се планираат според потребите на населението. Има уште тестови и не е трочно дека ги нема брзите тестови за тестирање во здравствените институции, исто како што не беше точна ни информацијата дека нема да има доволно вакцини за сезонски грип зашто не само што беа доволни туку и останаа, зашто со превентивните мерки , со носењето на маски воопшто и го немаше сезонскиот грип. Не е точно дека во здравствените институции не постојат заштитни средства за здравствените работници, имаше и донации од Министерството, а и набавки на самите институции“, додаде Спиркоска. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани