2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Реакција од ОК на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Наумовска

Мај 11, 2021

„Дали само вие имате право да се сликате со лидери, да одите по партиски митинзи и манифестации, а другите граѓани не смеат“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ-Битола на вчерашната изјава на Елизабета Наумовска, претседателка на Комисијата за образование во СДСМ дека позади фб групата која повикуваше на бојкот на наставата стои ВМРО-ДПМНЕ.

 

„Загрижувачка е вашата параноја од ВМРО ДПМНЕ. Почнавте насекаде околу вас да го гледате ВМРО. Можеби тоа и ни импонира, посебно тоа, што во сите ваши реакции се гледа немоќ во справувањето со предизвиците. Тоа значи дека се плашите што ќе си заминете од власт на истиот начин на кој дојдовте, па затоа, во секој субјект кој ви укажува за неспособноста и бара да се освестите, го гледате ВМРО? За вас е лесно да манипулирате со луѓето, да ги девалвирате нивните намери, да бидете арогантни кон сите кои имаат различно мислење и да удирате по личниот интегритет на секој кој ќе ви застане на патот. Не одбирате средства и методи, па еве сега, на цела една група од 75000 членови, сакате да им ставите етикета ВМРО ДПМНЕ, за да се повлечат и така да се обидете да ги спречите во нивните барања. Веќе сте премногу предвидливи и прочитани сте“, пишува во реакцијата на Комисија за образование и наука ОК ВМРО ДПМНЕ Битола

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани